Основно училиште „Кирил и Методиј“ (официјално: Основно општинско училиште „Кирил и Методиј“ - Тетово; скратено: ООУ „Кирил и Методиј“) — централно основно училиште во градот Тетово, Општина Тетово.

Училиштето е именувано по словенските просветители Свети Кирил и Методиј.

Историја

Училиштето било основано во 1988 година од Општина Тетово како училиште каде што учениците ќе ce здобијат co основнo образование на два јазика: македонски и албански јазик.

ОУ „Кирил и Методиј“ е централно училиште, во склоп на која е и подрачното училиште во цело Фалише.

ОУ „Кирил и Методиј“ се наоѓа во триаголникот на улиците „Благоја Тоска“, „Видое Смилевски-Бато“ и „Илинденска“, дел од градот Тетово на територијата на месната заедница „Тетекс“. Месната заедница „Тетекс“ е со мултиетнички состав: Албанци, Македонци, Роми и други.

Вкупниот број на учениците достигнува 840 ученици во 35 паралелки, од кои 27 на албански и 8 на македонски јазик. Училиштето работи во две смени.

Подрачни училишта

Во составот на училиштето влегува следново подрачно училиште: ПУ „Кирил и Методиј“ - Фалише, подрачно училиште.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Основни училишта во Општина Тетово Тетово Категорија:Основни училишта во Тетово Категорија:Основни училишта во Македонија