Основно училиште „Климент Охридски“ (официјално: Основно општинско училиште „Климент Охридски“ - Миравци; скратено: ООУ „Климент Охридски“) — централно основно училиште во гевгелиското село Миравци, Општина Гевгелија.

Училиштето е именувано по словенскиот просветител и светец Свети Климент Охридски.

Историја

Првото училиште било отворено во 1884 година, а прв учител бил Глигор Божинов. Наставата била организирана во самите куќи, како и во црквата. На подрачјето на селото биле пронајдени букварките „Алфивитарии“ на Кирил Пејчиновиќ, како и неговите „Огледало“ и „Евангелие“.

Во 1925 година, со голема помош на рускиот учител Трофим Сахненко, била изградена училишната зграда во која се изведувала настава до 1996 година, кога била подигната новата училишна зграда.

Настава

Во училиштето наставата се изведува на македонски наставен јазик.

Подрачни училишта

Во составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта:

ПУ „Климент Охридски“ - Давидово, подрачно училиште на македонски наставен јазик; ПУ „Климент Охридски“ - Милетково, подрачно училиште на македонски наставен јазик; и ПУ „Ѓорѓи Делев“ - Смоквица, подрачно училиште на македонски наставен јазик.

Галерија

Наводи

Категорија:Основни училишта во Општина Гевгелија Миравци Категорија:Миравци Категорија:Основни училишта во Македонија