Богородичен Даб — археолошко наоѓалиште во штипското село Ново Село. Претставува населба од доцноантичко време ,Штип. На местото на денешните гробишта, кои лежат 500 м југоисточно од селото, покрај самиот пат се забележуваат фрагменти од атипична римска керамика. На спротивната страна на гробиштата се наоѓа ритчето Спасица на кое исто така се забележуваат фрагменти од керамички садови и расфрлен градежен материјал од некаков објект.
Поврзано Бара — населба од доцноантичко време; Ново Село; Список на археолошки наоѓалишта во Штипско.
Наводи
Категорија:Ново Село (штипско село)