Основно училиште „Мирче Ацев“ (официјално: Основно општинско училиште „Мирче Ацев“ - Лажани; скратено: ООУ „Мирче Ацев“) — централно основно училиште во прилепското село Лажани, Општина Долнени.

Училиштето е именувано по народниот херој Мирче Ацев.

Настава

Во училиштето наставата се изведува единствено на македонски наставен јазик. Има вкупно 16 паралелки од прво до деветто одделение со вкупно 278 ученици.

Подрачни училишта

Во составот на училиштето влегува следново подрачно училиште: ПУ „Мирче Ацев“ - Кошино, подрачно училиште на македонски наставен јазик.

Галерија

Наводи

Категорија:Основни училишта во Општина Долнени Лажани Категорија:Лажани Категорија:Основни училишта во Македонија