мини|600п|Големи, мали, зголемени, намалени и чисти интервали. Интервал (, простор) во музиката претставува растојание помеѓу кои било два тона од скалата, со исклучок на прима во кој и двата тона се со иста висина. Интервалите првенствено се делат на хармонски, во кои истовремено звучат два тона и мелодиски, кога се слушаат двата тона еден по друг. Следните две поделби на интервалот се според големината и видот.

Во западната музика, интервалите се најчестите разлики помеѓу нотите во дијатонска скала. Најмалиот од овие интервали е полутон. Интервалите помали од полутоновите се нарекуваат микротонови. Тие можат да се формираат со употреба на ноти од разни видови недијатонски скали. Некои од најмалите се нарекуваат запирки, а со тоа се опишуваат мали отстапувања, забележани во одделни системи на нагодување, меѓу енхармонски еквиваленти ноти како C и D. Интервалите можат да бидат арбитратно мали, па дури и неприметливи за човечкото уво.

Во физичка смисла, интервалот е врска помеѓу две звучни честоти. На пример, кои било две ноти на една октава имаат сооднос на честота 2:1 меѓусебно. Ова значи дека последователните чекори на зголемување за истиот интервал резултираат со експоненцијално зголемување на честотата, иако човечкото уво го перцепира ова како линеарно зголемување на висината. Поради оваа причина, интервалите често се мерат во центи, единици добиени од логаритмот од односот на честотата.

Во западната музичка теорија, најчестата шема за именување за интервали опишува две својства на интервалите: квалитет (чист, голем, мал, зголемен, намален) и број (унисон, втор, трет, итн.) Некои примери се мала терца или совршена квинта. Овие имиња не само што ги идентификуваат разликите во полутоновите помеѓу горните и долните ноти, туку и начинот на кој се пишува специфичноста на интервалот. Важноста на правописот произлегува од историската практика на поделба на честотните односи на енхармонски интервали како што и .

Поделба на интервалите Кога тоновите ќе се споредат по големина, се обрнува внимание на дијатонската разлика помеѓу двата тона. На пример, це-де и цис-дес се секунди бидејќи и двата имаат дијатонски имиња до-ре. Постојат осум степени на големина на интервал од кои можат да се формираат сите други. Затоа, овие интервали се нарекуваат едноставни и се следниве:

Прима, во која и двата тона имаат исто име Секунда, каде што тоновите се соседни, односно еден до друг Терца, каде повисокиот тон за три тона погоре од долниот Кварта, каде повисокиот тон за четири тона погоре од долниот Квинта, каде повисокиот тон за пет тона погоре од долниот Секста, каде повисокиот тон за шест тона погоре од долниот Септима, каде повисокиот тон за седум тона погоре од долниот Октава, каде повисокиот тон за осум тона погоре од долниот

Другите интервали, кои се нарекуваат сложени, може да се формираат на принципот "една октава + секста", "две октави + квинта" итн. Имињата на овие интервали се даваат по редни броеви: октава + секунда = нона, октава + терца = децима, октава + кварта = ундецима, октава + квинта = дуодецима и сл.

Покрај оваа поделба, постои и поделба на интервалите по вид, бидејќи хармонски секој од овие интервали може да се реализира во неколку варијации. Следи список на типови на интервали:

Чисти, што може да биде прима, кварта, квинта и октава Големи и мали, што може да бидат секунда, терца, секста и септима Намалени, што може да бидат сите интервали, освен прима Прекумерени, што може да биде во сите интервали

Останатите интервали како на пример нона или децима, ги наследуваат својствата на тонот што ги формира заедно со октава. Значи, бидејќи нона = октава + секунда, таа ќе има својства на секунда.

Едноставни интервали по вид Следи список на едноставни интервали според типот:

Чиста прима (ч.1) Чистата прима е прима во која долните и горните тонови се идентични. Пример: ге-ге. Значи, чиста прима е повторен тон. Податотека:1._Чиста_примa.png Зголемена прима (з.1) Зголемена прима е прима во која растојанието помеѓу горниот и долниот тон е еден полустепен. Пример: це-цис. Податотека:1. Zgolemena prima.png

Намалена секунда (н.2) Секунда во која тоновите звучат исто и покрај различното дијатонско име. Пример: це-десес. Тоа е еквивалентно на чиста прима. Податотека:2. Namalena sekunda.png

Мала секунда (м.2) Секунда во која растојанието помеѓу тоновите е еден полустепен. Пример: це-дес. Податотека:1. Мала секунда.jpg Голема секунда (г.2) Секунда каде мелодиското растојанието помеѓу тоновите е цел степен. Пример: це-де. Податотека:2. Голема секунда.png Зголемена секунда (з.2) Секунда каде растојанието помеѓу тоновите е три полустепени. Пример: це-дис. Во однос на звучноста, тоа е еквивалентно на мала терца. Податотека:1. Зголемена секунда.png

Намалена терца (н.3) Намалена терца е интервал каде мелодиското растојание помеѓу тоновите е цел степен. Пример: це-есес. Во однос на звучноста, еквивалентен на голема секунда. Намалената терца се состои од две мали секунди: M2 + M2 = НМ3. Податотека:3. Namalena terca.png

Мала терца (м.3) Мала терца е интервал каде растојанието помеѓу тоновите е три полустепени или степен и пол. Пример: це-ес. Податотека:2. Мала терца.jpg Голема терца (г.3) Терца каде растојанието помеѓу тоновите е два цели степени. Пример: це-е. Податотека:3. Голема терца.png Зголемена терца (з.3) Терца во која растојанието помеѓу тоновите е пет полутонови или два степени + полустепен. Пример: це-еис. Звучно, тоа е еквивалентно на чиста кварта.Податотека:3.1 Zgolemena terca.png

Намалена кварта (н.4) Намалена кварта е интервал каде мелодиското растојание помеѓу тоновите е четири полустепени или два степени. Пример: це-фес. Звучно, тоа е еквивалентно на голема терца. Податотека:4. Namalena kvarta.png

Чиста кварта (ч.4) Чиста кварта, растојанието од пет полустепени. Пример: це-еф (освен: еф-бе). Податотека:4. Чиста кварта.png Зголемена кварта (з.4) Растојанието помеѓу тоновите е шест полустепени. Пример: це-фис. Податотека:1. Зголемена кварта.gif

Намалена квинта (н.5) Растојанието помеѓу тоновите е шест полустепени. Пример: це-гес. Звучно, тоа е еквивалентно на прекумерена кварта. Податотека:2. Намалена квинта.png

Чиста квинта (ч.5) Растојанието помеѓу тоновите е седум полустепени. Пример: це-ге. Податотека:5 Чиста квинта.png Зголемена квинта (з.5) Растојанието помеѓу тоновите е осум полустепени. Пример: це-гис. Во однос на звучноста, тоа е еквивалентно на мала секста. Податотека:3. Зголемена квинта.gif

Намалена секста (н.6) Растојанието помеѓу тоновите е седум полустепени. Пример: це-асас. Звучно е еквивалент на чиста квинта. Податотека:5. Namalena seksta.png

Мала секста (м.6) Растојанието помеѓу тоновите е осум полустепени. Пример: це-ас. Податотека:3. Мала секста.jpg Голема секста (г.6) Секста во која растојанието помеѓу тоновите е девет полустепени. Пример: це-а. Податотека:6. Голема секста.png Зголемена секста (з.6) Секста во која растојанието помеѓу тоновите е десет полустепени. Пример це-аис Звуковно, таа е еквивалентна на мала септима. Податотека:3. Зголемена секста.png

Намалена септима (н.7) Растојанието помеѓу тоновите е девет полустепени. Пример: це-хесес. Звучно, тоа е еквивалентно на голема секста. Податотека:6. Namalena septima.png

Мала септима (м.7) Септима во која растојанието помеѓу тоновите е десет полустепени. Пример: це-бе. Податотека:4. Мала септима.jpg Голема септима (г.7) Растојанието помеѓу тоновите е единаесет полустепени. Пример: це-ха. Податотека:7. Голема септима.png Зголемена септима (з.7) Септима во која растојанието помеѓу тоновите е дванаесет полустепени. Пример: це-хис. Во однос на звучноста, таа е еквивалентна на чиста октава. Податотека:7. Zgolemena septima.png

Намалена октава (н.8) Октава во која растојанието помеѓу тоновите е единаесет полустепени. Пример: цис1-це2. Тоа е еквивалентно на голема септима звуковно. Податотека:8. Namalena oktava.png

Чиста октава (ч.8) Октава во која проредот помеѓу тоновите е дванаесет полутонови. Пример: це1_ це2. Податотека:8._Чиста_октава.png

Зголемена октава (з.8) Октава во која растојанието помеѓу тоновите е тринаесет полутонови. Пример: Це-цис² Податотека:Zgolemena oktava.png

Наводи

Категорија:Музички поими Категорија:Музичка нотација