Лориен (Lórien) или Лотлориен (Lothlórien), во замислениот легендариум на Толкин, е кралство на Вилите (Елфите) во Средната Земја за време на Третото доба. Кралството е под управа на Галадриел. Престолот на Лориен се наоѓа на дрвата во Карас Галадон. Овие самовили се познати како Шумски Вили или Галадрим (Galadhrim).

Кралството, кое всушност е шума помеѓу Магливите Планини (Misty Mountains) и реката Андуин (Anduin), е центарот на отпорот на Вилите према Темниот Господар Саурон во трологијата „Господарот на прстените“. Галадриел има еден од трите прстени на Вилите и го користи истиот за да го спречи Саурон да види што се случува во Лориен. Дружината на прстенот поминува одредено време во Лориен откако ќе се спасат и ги поминат тунелите на Казад-Дум (Морија). При нивниот престој во Лориен Галадриел ги подготвува членовите на дружината за нивниот поход, а воедно и ги наградува секој поединечно.

Научниците и истражувачите од оваа област забележале дека Лориен, како што е опишано од Толкин, потсетува на Земјен Рај, место каде времето е различно. Ова наликува на описите од европските народни творештва, но и споредбата Лориен - Мордор наликува на библиските споредби на светлината наспроти темнината.

Имиња Толкин дал многу имиња на шумата, со цел да ја рефлектира измислената историја на местото и начинот на кој различните раси на Средната земја ја гледаат шумата.

име значење потекло Линдоринанд (Lindórinand) „Долина на земјата на пејачите“ Постаро нандоринско име Лоринанд (Lórinand) „Долина на златото“Abandoned by Нандоринско име по донесувањето на дрвата „малорн“ Лаурелиндроенан (Laurelindórenan) „Долина на златото што пее“ Синдаринско име, исто поврзано со дрвата малорн Лотлориен (Lothlórien) „Соновен цвет“ Синдаринско име во Третото доба Лориен (Lórien) Соновна земја Скратена форма од „Лотлориен“, совпаѓајќи се со името на градините во Лориен во Аман Двимордене (Dwimordene) „Долина на илузии“ Се користи во Рохан, Затна Шума (The Golden Wood) — Името според Заедничкиот Говор

Белешки

Наводи

Примарни

Секундарни

Литература

Надворешни врски Лориен на вики страница за „Господарот на прстените“.

Категорија:Средна Земја