Генерација Климатска Европа (ГКЕ) е коалиција на најголемите европски младински организации кои заеднички се залагаат за преземање на повеќе климатски акции и активности од страна на европските институции.
Историја Генерација Климатска Европа (ГКЕ) започнала во септември 2019 година. Основачки членови на ГКЕ се Меѓународната федерација на католички парохиски младински движења (FIMCAP), Европската унија на студенти (ESU), Млади и животна средина на Европа (YEE), Асоцијацијата на Европски Студентски Структури (AEGEE) и Climates. Во меѓувреме, низа други големи младински организации се приклучија на коалицијата.
Основни побарувања Генерација Климатска Европа е основана со цел да ги обедини гласовите и напорите на најголемите европски младински невладини организации, залагајќи се заедно кон преземање повеќе климатски акции од страна на европските институции. Коалицијата ги формулираше следниве основни барања:
Европскиот совет да прогласи климатска криза. Климатските активности треба да бидат интегрирани во политиките на ЕУ. Сите одлуки се претходно да се проценуваат за нивното влијание врз климата. Младите да бидат вклучени во процесите на донесување одлуки, како што е на пример процесот на изготвување на Европскиот зелен договор. ЕУ да ги зајакне своите Национално утврдени придонеси (NDC) пред 2020 година со цел да се усогласи со максималното зголемување од 1,5 ° С. ЕУ, исто така, треба веднаш да донесе долгорочна климатска стратегија за нула емисии на јаглерод диоксид, најдоцна на следниот Европски совет во октомври 2019 година. Субвенциите и новите проекти за фосилни горива да бидат веднаш прекинати. На ЕУ ѝ треба брза и сеопфатна транзиција кон исклучиво чиста обновлива енергија. Трошоците настанати со транзицијата кон поодржливо општество и економија на краток рок, треба да бидат распределени на социјално правичен начин. Оние кои можат најмногу да си дозволат треба најмногу да се посветат. Генерација Климатска Европа бара повеќе инвестиции и поголем фокус да се стави на обезбедување на одржливи мрежи на транспорт ширум Европа. Тековната инфраструктура ќе се модернизира со цел да се следи побарувачката за одржливо патување и да се намалат трошоците за транспорт. Треба повторно да се воведат ноќни возови и да се спроведе данок за употреба керозин. Поголем акцент да се стави на образованието како средство за зајакнување на младите и овозможување пристап на алатки за постигнување нула емисии на јаглерод диоксид и циркуларна економија.
Организациски членки Име Акроним Статус Меѓународна федерација на католички парохиски младински движења FIMCAP Членка-основач Европска унија на студенти ESU Членка-основач Млади и животна средина на Европа YEE Членка-основач Клими Climates Членка-основач Асоцијација на Европски Студентски Структури AEGEE Членка-основач Меѓународни млади пријатели на природата IYNF Членка Организирачко Биро за студентски унии на европски училишта ОБЕССУ Членка Студентска мрежа Еразмус ESN Членка
Наводи
Категорија:Европска Унија Категорија:Младина Категорија:Климатски промени и општеството