мини|Лого на проектот БХЛ-Европа Библиотека на биоразновидносното наследство на Европа (БХЛ-Европа) претставува тригодишен проект на ЕУ (2009 – 2012 година) насочен кон дигитализацијата на литературата за биоразновидноста. Во него биле вклучени 28 големи музеи за природонаука, ботанички градини, библиотеки и други европски институции. БХЛ-Европа била основана во Берлин во мај 2009 година и се сметала себеси за европски партнер на проектот Библиотека за биоразновидното наследство (БХЛ), кој бил основан во 2005 година и првично бил создаден од десет (од 2009 година, дванаесет) библиотеки на САД и Обединетото Кралство.
БХЛ-Европа претставувала мрежа за најдобри практики. Важни компоненти на мрежата биле дигитализација и создавање соодветна инфраструктура, како и консолидација на разни европски проекти за дигитализација под заеднички централизиран и повеќејазичен портал БХЛ. Целта била да се направи достапна дигитализираната литература под лиценците Отворен пристап и Криејтив комонс и да се подобри нејзината пребарливост (со користење на OCR).
БХЛ-Европа исто така била одговорна за создавање структури за долгорочно чување на дигитални информации (трајност на дигиталните податоци).
Состав на БХЛ-Европа Следните 28 институции во мај 2009 година во Берлин имале улога на членки-основачи на конзорциумот на БХЛ-Европа:
Природонаучен музеј (Берлин) (раководител на проектот) Природонаучен музеј (Лондон) Национален музеј (Прага) Европска фондација за дигитални библиотеки (Европеана) Angewandte Informationstechnik Forschungsgesellschaft AIT (Грац) Atos Origin Integration France (Париз) Слободен универзитет (Берлин) Георг-Август-Универзитет Гетинген (AnimalBase) Природонаучен музеј (Виена) Горногермански државем музеј (Линц) Музеј и институт за зоологија, Полска академија на науките (Варшава) Унгарски природонаучен музеј (Будимпешта) Копенхагенски универзитет Центар за биоразновидност „Натуралис“ (Лајден) Ботаничка градина Мејзе - Мејзе Кралски музеј за Централна Африка (Тервурен) Кралски белгиски институт за природни науки Национална библиотека на Франција (Париз) (Галика) Национален музеј на природонаука (Париз) Шпански национален совет за истражување (Мадрид) Фиренцски универзитет Кралска ботаничка градина Единбург Species 2000 Wiley Смитсонова установа (Вашингтон) Ботаничка градина во Мисури (Сент Луис) Универзитет во Хелсинки Хумболтов универзитет
Наводи
Надворешни врски
http://www.bhl-europe.eu https://www.biodiversitylibrary.org http://www.bhl-china.org
Категорија:Архивистика Категорија:Светска дигитална библиотека