десно|мини|250п|„Ширјоо“ од „Газу Хјакки Јагјоо“на Секиен Торијама. Ширјоо (死霊) во јапонскиот фолклор се душите на мртвите. Тие се спротивни на икирјоо, кои се душите на живите.

Историја Класичната книжевност и фолклорните записи оставиле многу спомнувања за ширјоо, и тие имаат различни однесувања. Според јапонскиот речник „Кооџиен“, тие се сметале за онрјоо („одмаздољубиви духови“) кои ги опседнувале луѓето и им фрлале „татари“ (клетви или проклетства), но освен опседнување на луѓето, и содавајќи им страдања како што биле способни икирјоо духовите, постојат и приказни во кои тие ги бараат оние луѓе кои се самоубиле, остануваат или се врзани за местата каде што умреле, и им се појавуваат на луѓето со кои се блиски, поздравувајќи ги, и притоа обидувајќи се да ги убијат за да им прават друштво на другиот свет.

Во Тооно Моногатари, постои приказна во која еден човек починал, а потоа, неговиот ширјоо се појавил пред неговата ќерка и се обидел да ја земе со себе. Ќерката се исплашила, успевајќи да ги повика роднините и пријателите да дојдат, но дури и тогаш таткото се појавил и се обиде да ја одведе. По еден месец, тој конечно престанал да се појавува.

Наводи

Поврзано Душа Духови Мононоке Онрјоо Икирјоо

Категорија:Јапонска митологија Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ