Дијана Петрова — македонски писател, родена е 8 април 1992 година во Делчево.

Животопис Дијана Петрова основно и средно училиште завршила во родниот град. Дипломирала на катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности при Универзитетот Св. Кирил и Методиј на Филолошкиот факултет Блаже Конески во Скопје. Живее и работи во Скопје.

Дела

„Бдеењето над себе“, роман, (Нов Вавилон, 2019)https://smajlimk.home.blog/2019/04/17/intervju-dijana-petrova-bdeenjeto-nad-sebe/ „Не правете им сенка на гробовите“, збирка раскази, (Антолог, 2020)

Награди Првата награда за расказот „Рош Хашана“ на литературниот конкурс „Раскажувам фотографија 2023“ во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија.

Наводи

Категорија:Македонски писатели Категорија:Луѓе од Делчево