Градиште — археолошко наоѓалиште во околината на местото Косевица кај градот Македонска Каменица. Претставува градиште од доцната антика

Над Паровско Маало, на висок рид со доминантна положба и зарамнето плато со димензии од 120 × 80 м се зачувани темели од утврдување градено од кршен камен и варов малтер. По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 129, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Гробишта — населба од римско време; старохристијанско време; Кукли — некропола-тумули од доцножелезно време; Косевица; Список на археолошки наоѓалишта во Делчевско;

Наводи