Свети Илија — главна селска црква во кичевското село Челопеци, Македонија.

Црквата се наоѓа над самото село и преовладува со својата камбанарија, на која е издигнат крст. Околу црквата се сместени и селските гробишта.

Местоположба

Црквата се наоѓа во горниот дел на селото.

Историја

Црквата била започната со изградба во 1861 година, иако според истражувањето на Јован Трифуноски се тврди дека била подигната во 1880 година на местото на постара црква. Градењето било помогнато од тогашниот сопственик на чифликот Мијалче, Влав од Крушево.

Во 1910 година била обновена на иницијатива на селаните.

Архитектура Фрескоживопис

Црквата поседува фрескоживопис, кој бил насликан од страна на зографот Јаков Мажовски од селото Лазарополе.

Фрескоживописот бил обновен во 1999 година од страна на Бошко Попоски од Кичево.

Иконостас

Иконостасот во црквата бил изработен од познатиот Дичо Зограф од селото Тресонче.

Галерија

Поврзано Кичевско архијерејско намесништво Прва кичевска парохија Челопеци

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Челопеци Челопеци Категорија:Дела на Дебарската школа