Петрошница — река во областа КозјачијаСпоред И. Петрушевски и Б. Марковски реката тече низ областа Средорек, што е мошне спорно., североисточна Македонија, лева притока на Пчиња. Долга е 23 километриРиболовна основа за „Слив на Пчиња“ за период 2016 - 2022, Институт за сточарство, Скопје и тече во рамките на Општина Старо Нагоричане.
Течение
Реката настанува под ридското маало Долна Маала на селото Дејловце, Општина Старо Нагоричане, со слевањето на Трленски Дол и Брлошка Река. Тече во југозападен правец по долина меѓу ридските маала Горинци и Дудманица на селото Жељувино. Продолжува јужно од Мишински Рид кај селото Бајловце, каде од лево го прима потокот образуван од спојот на Кумановачки Дол и Селишки Дол. Реката постепено се спушта во пониски предели во ист правец, и тече низ селото Брешко. Кај Цвиланце Петрошница тече до југоисточните падини на возвишението Големи Пиштерец и од десно ги прима потоците Лачипац и Лисички Дол. Преоѓајќи во атарот на Канарево тече меѓу неговите бројни маала и крај главната црква „Св. Ѓорѓи“. Овде реката прави свијок на запад, и по маалото Мачанци нагло свртува во северен правец, а набргу потоа во југозападен.
Под месноста Габер кај селото Макреш го менува текот кон северозапад, и прави значаен свијок ко југозапад околу возвишението на самото село. Одовде продолжува на во северен правец и преку мост го преминува автопатниот огранок А2е, а потоа и самиот државен автопат А2. Тука Петрошница минува низ полето околу 700 метри источно од Војник. Во полето од десната страна е наоѓалиштето Петрково, кое претставува некропола од римско време.
Во крајниот потег, Петрошница тече под ридот Венец (од лево), па врти на исток, каде коритото станува обраснато со дрвја и растителност. По неполн километар, реката повторно свртува на север, па за крњтко пак на исток, притоа од лево примајќи ја рекичката која тече низ Стрезовце. Во понатамошните неколку стотини метри тече источно, го пресекува регионалниот пат Клечевце-Секулица (Р29277) па се влева во Пчиња во месноста Орман, на околу 1 километар јужно од с. Војник, исто така во Општина Старо Нагоричане.
Екологија
Во 2016 година било извршено чистење на коритото на Петрошница.
Во поречието на реката се работело на отворање на рудник за добивање на злато, сребро, бакар и молибден. Овој потфат наишол на отпор кај дел од јавноста, со тврдење дека ваквите дејности можат да имаат значајни здравствени последици по месното население.
Галерија
Поврзано Козјачија Пчиња Петрошница — истоимен рудник од средниот век во Бохула, Каваадречко
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Реки во Македонија Категорија:Притоки на Пчиња Категорија:Општина Старо Нагоричане