Грамади — археолошко наоѓалиште во кочанското село Безиково. Претставува населба од доцноантичко време. Во непосредната близина на маалото Чифлик, до куќата на еден селанец, на мала тераса издигната над долот се среќаваат многу фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди.Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. стр. 173, ISBN 9789989101069

Поврзано

Безиково; Список на археолошки наоѓалишта во Кочанско.

Наводи