Аџибунар — археолошко наоѓалиште во местото Суво Грло општина Штип. Претставува некропола од доцната антика. Од источната страна на селото, во нивите на Р. Гештилов биле откриени и уништени повеќе гробови со конструкции од камени плочи. Гробни наоди немало, со исклучок на неколку монети кои не се зачувани.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 442, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069. Поврзано Аџибунар — некропола од доцна антика; Гробишта - Чукарки — могили од римско време; Ќоилук — населба и базилика од доцноантичко време; Штип; Список на археолошки наоѓалишта во Штипско; Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
Категорија:Суво Грло