Маунт Плезент Естејтс е винарија која се наоѓа во Августа, Мисури, САД, на северната страна на реката Мисури во областа што се нарекува Мисури Рајнленд. Оваа винарија е трета по големина во државата САД.

Историја Винаријата Маунт Плезент е создадена во 1859 година од имигрантот Георг Манч (1801–1879) кој е помлад брат на Фридрих Манч.Georg Muench, muenchfamilyassociation.comFINAL REPORT: SURVEY OF AUGUSTA, MISSOURI , dnr.mo.gov Браќата Мач ја избрале оваа област затоа што ги потсетувала на нивниот поранешен дом во Нидер-Гемунден, Горниот Хесен, Германија. За жач, винаријата морало да биде затворена во 1920 година поради Прохибиција.

Винаријата повторно ја отвориле за производство во 1966 година. Таа била втората винарија во државата.Our Heritage , mountpleasant.com Исто така е трета по големина во производство на вино во државата. Сите вина се произведуваат и флашираат на имотот. Во 1980 година, Аугуста АВА била првата американска лозарска област назначена од владата на Соединетите држави. Винаријата е со поглед на југ, со поглед кон долината на реката Мисури. Има 85 хектари винова лоза во одгледување и се одгледуваат 16 сорти грозје. Винаријата изгради јавна градина за вино и тераси кои го користат погледот во добра полза.

Во 1991 година, сопствениците на винаријата биле казнети од државата Мисури за увоз на прекумерна количина сок од грозје кој го додаваат во составот во нивните вина.Lindecke, Fred W., "Missouri winery fined for importing too much California juice", St. Louis Post-Dispatch (September 22, 1991) p. 3BPollack, Joe, "Mt. Pleasant's actions tarnish industry", St. Louis Post-Dispatch (October 22, 1991) p. 4D Сопствениците ја обжалиле казната до судот и судот се согласил со тврдењето на сопствениците дека увозот не е во спротивност со законот и ја укина казната.

Наредната година сопствениците на винаријата, Лусијан и Ева Дресел, се развеле и затоа резултат винаријата била продадена на аукција. Винаријата и понатаму останала во фамилијата Дресел, бидејќи победничката понуда од 660 000 американски долари ја дал братот на Лусијан Дресел, Филип, кој веднаш објавил дека Лусијан ќе продолжи да управува со винаријата.Потоа "Bad debt squeezes St. Charles winery; Sale of property schedule for June 12", Kansas City Star (June 3, 1992) p. C2VandeWater, Judith, "Mt. Pleasant Winery sold to vintner's brother", St. Louis Post-Dispatch (June 13, 1992) p. 8CVandeWater, Judith, "Mt. Pleasant Winery to go on auction block after default on deed", St. Louis Post-Dispatch (June 2, 1992)Gillerman, Margaret and VandeWater, Judith, "Winery auction's a family affair", St Louis Post-Dispatch (June 15, 1992) p 1 Чарлс Дреслер станал сопственик на винаријата „Маунт Плезент“ во 2004 година.

Денес винаријата Маунт Плезант е најстарата и најдобро утврдена винарија во Августа. Винарската визба одгледува 12 видови грозје на 85 хектари. Во текот на изминатите две децении, Маунт Плезант освоила неколку престижни награди и постигна високи оценки за своето вино.

Производи и награди Винарската визба произведува разни црвени и бели вина, со полусуво, суво и слатко грозје. Исто така, произведува збогатено вино (со назнака „Порто“) и пенливо вино. Имаат повеќе видови на грозје како: Каберне Совињон, Шардоне, Шамбурчин, Сент Винсент, Видал Блан, Златна зона, Мерло, Вињолес и Нортон.

Винаријата Маунт Плезант е добитник на бројни меѓународни награди за своите произведени вина. Највисоката оцена во списанието Вин ентузијаст била 92 бода за мешавината на Бел Ивон Бордо од 1994 година.

Винаријата исто така е призната по својата практика на одржливо лозарство, интегриран систем на одгледување на грозје за вино што е економски одржлив, социјално поддржувачки и еколошки исправен. Винаријата „Маунт Плезент“ ја прогласиле за финалист на наградите „Херои на планетата“ во Сент Луис Бизнис Џурнал во изданието на 30 октомври 2009 година.

Локација на Брансон Винаријата „Маунт Плезент“ ја отворила и својата втората винарија во градот Брансон, Мисури на 11 април 2008 година. Винаријата Маунт Плезент е голема 9.200 метри квадратни. Нејзината локацијата е во Брансон се наоѓа на 2 хектари на Грин Маунтин Драјв. Зградата „Леџстоун“ им нуди на купувачите шанса да купуваат, да ги пробаат бројните наградени вина на „Монт Плезант“ и да флашираат свое вино од специјално дизајниран буре од дабово дрво од 600 литри. Маунт Плесант ја изградиле локацијата Брансон со фокус на одржливи практики. Зградата работи целосно на хидро-електрична енергија и структурата е вградена делумно во земјата за да се намали потрошувачката на енергија.

Поврзано

Фридрих Манч

Наводи

Надворешни врски

Mount Pleasant Winery

Категорија:Американски винарии