Андреапол ( ) е град во европскиот дел на Руската Федерација и административен центар на регионот Андреапол кој се наоѓа во западниот дел на Тверската област . мини|Грб на Андреапол Според проценките на Националната статистичка служба, во градот во 2014 година живееле 7 528 жители.
Географија Градот Андреапол се наоѓа во западниот дел на Валдајските ридови, на запад од Тверската област. Реката Западна Двина тече низ градот, чиј извор е на само 20-тина километри на север. Лежи на околу 286 километри западно од административниот центар на областа, градот Твер.
Историја Во литванските катастарски книги од 1489 година се споменува населбата Дубна, која се наоѓала на десниот брег на Западна Двина, наспроти денешниот град. На подрачјето на денешниот град, реката ја претставувала и границата помеѓу Псковската и Тверската област во периодот помеѓу XVIII и почетокот на XX век.
На левиот брег на реката, во текот на 18 век, постоел имот на генералот Андреј Кушељов, според кој целата област е изградена во 1783 година, наречено Андрејино поле. Интересно е тоа што во областа на денешната населба Кужељов во 1806 година го отворил еден од првите бањски центри во Руската Империја „Андреаполски минерални води“.
Самата населба Андреапол е основана во 1906 година, а нејзиното појавување е директно поврзано со изградбата на пругата и отворањето на железничката станица во областа. Андреапол во 1928 година се споил со соседниот Дубно и администрацијата на Ленинаскиот регион, основана една година порано, беше пренесена во неа.
За време на Втората светска војна, Андреапол дложивеа огромно уништување со што бил скоро целосно разрушен. Административниот центар на Андреаполскиот реон е од 1965 година. Има официјален статус на град од 1967 година
Демографија Според податоците од пописот во 2010 година, во градот живееле 8 286 жители, додека според проценките за 2014 година, градот имал 7 528 жители. +Движење на бројот на жители1939 година1959 година1970 година1979 година1989 година2002 година2010 година2014 година3 8458 3929 0759 3179 6109 3178 2867 528* Белешка: * според проценките на Националната статистичка служба.
Сообраќај Денес, Андреапол е важна железничка станица на линијата Бологоје - Великије Лука .
На околу 3 километри источно од градот се наоѓала воздухопловната база на воздухопловните сили на Руската Федерација. Базата е затворена на 1 декември 2009 година
Поврзано
Тверска област Андреаполска област Список на градови во Русија Западна Двина
Наводи
Надворешни врски
Хералдичка историја на градот Андреапол // Градови на Русија: Енциклопедија. Москва: Големата руска енциклопедија, 50.000 примероци. 1994. 978-5-85270-026-1 .
Категорија:Тверска област Категорија:Градови во Русија Категорија:Градови во Тверската област