Tenthredo trabeata е палеарктички вид растителна оса.

Живеалиште Географската распространетост на оваа оса е Средна Европа, претежно во планинските региони. Во Македонија се среќава во Маврово.Јонче Чинговски: Фауна на Македонија VI, Скопје, 1985, стр. 212

Биологија Возрасните единки достигнуваат должина од 11-14 милиметри. Главата им е црна, основата на мандибулите жолти. Крилата стаклесто провидни, жилките и стигмата црни. Нозете црни до колена со жолти дамки на предните делови.

Ларвите се развиваат во периодот од јули до август, а возрасните форми се среќаваат од мај до август.

Наводи

Категорија:Растителни оси Категорија:Инсекти на Македонија