Мавро Орбини (1563–1614) бил католички монах и историчар.
Световното име му е Фрањо, а името Мавро го зема како монах. Основното и средното училиште ги завршува во Дубровник, а на 15-годишна возраст пристапува во Бенедиктинскиот манастир. Литературната дејност ја започнал со компилациското теолошко дело De Ultimo Fine Humanæ Vitæ Vel Summo Bono. Неговото најзначајно дело е Кралството на Словените (Пезаро, 1601), кое во еден период било ставено во Индексот на забранетите книги.
Категорија:Писатели од 17 век Категорија:Панславизам Категорија:Родени во непозната година Категорија:Родени во 1563 година Категорија:Починати во 1614 година