Милан Јорданов Комненовски ( во ― во ) ― македонски партизан и учесник во НОВ.
Животопис Завршил основно училиште во селото, а потоа чувал добиток. Кон крајот на 1941 година добил позив за отслужување на кадровски рок во бугарската фашистичка војска. Но, иако не сакал да му служи на окупаторот, бил принуден да се пријави на повикот бидејќи, во тоа време Скопскиот партизански одред бил разбиен.
Меѓутоа, во почетокот на 1942 година избегал од касарната и се приклучил на Сврлишкиот партизански одред. Учествувал во акциите на одредот против непријателот. На 25 февруари 1942 година во една тешка борба против бугарската фашистичка војска, храбро загинал кај селото Бојник, близу до Лесковац.
Бил закопан на местото, каде што го дал својот живот за слободата на татковината.
Поврзано
Душан Комненовски
Наводи
Категорија:Жртви на Бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна Категорија:Учесници во НОБ