Вениамин Миланов Тошев (Скопје, 5 март 1915 - Софија, 7 јануари 1988), познат под псевдонимот Венко Марковски — македонски и бугарски поет, академик на БАН, драмски писателМакедонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 152 - 153. и еден од основоположниците на современата македонска книжевност.
Животопис мини|лево|Венко Марковски и Хаџи Леши, командант на албанските партизани, во околината на Дебар, септември 1943. Роден е во Скопје. Марковски завршил гимназија во родниот град, а во Софија студирал словенска филологија. Бил член на Македонската литературна група основана во Скопје (1931) и на Македонскиот литературен кружок (1938-1941). За време на Втората светска војна, бил во затвор во Гонда Вода и Ениќоj (1941-1942). Бил учесник во НОБ, член на Главниот штаб на НОВ и ПОМ, член на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ и делегат на Првото заседание на АСНОМ.
Во периодот 1944-1945, активно учествувал во работата на трите комисии за нострификација на македонскиот литературен јазик. Буквата „Ъ“ (ер-голем), за која тој се борел да биде дел од македонската азбука, не била одобрена од ЦК на КПЈ.
Во 1948 година ја поддржал Резолуцијата на Информбирото. Поради судирот со Тито, тој бил затворен во Идризово, а семејството му било интернирано во Кичево.
На 17 март 1956 година, под името Вениамин Миланов Тошев, за поемата „Сувремени парадокси“ бил осуден на петгодишна робија на Голи Оток, а во 1965 година заминал на лекување и останал во Бугарија. Во 1968 година, син му Миле Марковски и неговото семејство биле протерани од Македонија во Бугарија.
Во Бугарија, Венко Марковски станал пратеник во Народното собрание, член на Соjузот на бугарските писатели и член на Бугарската акадeмија на науките. Има собиено неколку високи награди: „Херој на Бугарија“, „Херој на социјалистичкиот труд“, „Георги Димитров“ и др.
Заради творештвото на бугарски јазик, југословенските власти го прогласиле за предавник на македонскиот народ. По 1975 година бил обезбедуван од бугарските тајни служби, бидејќи имало информација дека му е загрозен животот од УДБА.Goli otok page XVII of introduction.
Според сведоштвото на Властимир Николовски, Венко, во неговите претсмртни мигови, недвосмислено ѝ на неговата сестра Дока со следниве зборови:
Дока го потврдила ставот на Венко и во нејзиниот разговор со Ѓорѓи Марјановиќ:
Творештво
Во „Народни бигори“ (1938) и „Огинот“, песните на Марковски се под влијание на народната песна и по карактер се љубовни песни, испреплетени со национално-ослободителни мотиви и национално-ослободителни песни. Подоцна, Марковски потпаднал под силно влијание на социјалистичкиот реализам и пишувал песни во социјал-реалистички стил посветени на Тито, додека бил на македонска страна, и некои песни посветени на Бугарската Комунистичка Партија, откако преминал на бугарска страна.
Освен поезија, Марковски ги напишал историските книги „Преданија заветни“ (историјата на Бугарија од 681 до 9 септември 1944 година во стихови), „Крвта вода не станува“ и други. Преданијата се издадени и на руски јазик во Москва во 1981.
На македонски јазик
Во Бугарија „Народни бигори“ (1938, издадена во Софија) „Огинотъ“ (1938, издадена во Софија) „Илиндень“ (1940, издадена во Софија) „Луня“ (1940, издадена во Софија)
Во Македонија „Елегии“ „Гоце“ „Чудна е Македонија“ „Порои“ (1945) „Гламји“ „Климе“ „Над пламнати бездни“ (1954) „Сказна за резбарот“ „Голи оток - островот на смртта“
На бугарски јазик „Орлицата“ (1941) „Истината е жестока“ (1968) „Легенда за Гоце“ (драма, изведена во Народниот театар „Иван Вазов“) „Крвта вода не станува“ (1971, 1981, 2001 - одговор на книгата „Историја на македонскиот народ“) „Преданија заветни" (1979) „Бунтовни воштеници“, „Вековни врволици“ и „Судбовни маченици“ (Сонетни венци) „Голи оток" (2015)
На англиски јазик 'Goli Оtok - the Island of Death (1984)
Наводи
Надворешни врски Официјална страница на Facebook „Огинот“ „Чудна е Македонија“, 1940 „На истокот“ , 1944 „Над пламнати бездни“ (1954) Goli Оtok - the Island of Death „Крвта вода не станува“ Пламен Павлов, Покаянието "Крвта вода не станува", Предговор кон книгата на Венко Марковски Биографија и песни од Венко Марковски, „Македонски јазик“ 25 мај 1954 - праизведба на првата македонска опера „Гоце“ , либрето Венко Марковски „Македонски Фауст“ Младен Србиновски, „Венко е парадигма за фаустизмот“, Нова Македонија, Број 526 Вени Марковски, „Спомени за дедо ми“, Крсте Црвенковски, „Случајот со Венко“, Македонски документи Виолета Ачкоска, „Историски и современи македонски парадокси – случајот на Венко Марковски“ Јулија Митева, „Идејата за јазикот во Македонскиот литературен кружок - естетски и идеолошки аспекти“,
Категорија:Македонски литературен кружок Категорија:Македонски писатели Категорија:Бугарски писатели Категорија:Бугарски уметници од Македонија Категорија:Македонски научници во Бугарија Категорија:Членови на БАН Категорија:Делегати на Првото заседание на АСНОМ Категорија:Затвореници на Голи Оток Категорија:Апсолвенти на Софискиот универзитет Категорија:Македонски преселници во Софија Категорија:Делегати на АВНОЈ Категорија:Македонски мемоаристи Категорија:Македонски општественици Категорија:Венко Марковски Категорија:Делегати на Второто заседание на АСНОМ Категорија:Интернирани во „Крсто Поле“