Тропонин е комплекс од три регулаторни белковини (тропонин C, тропонин I и тропонин T) кој учествува во мускулната контракција на скелетните мускули и срцевиот мускул, но не и кај мазните мускули. Мерењето на кардијално-специфичните тропонини I и T широко се употребуваат како дијагностички и прогностички индикатори во менаџирање на миокарден инфаркт и акутен коронарен синдром. Мерењето на нивото на тропонин во крвта може да се користи и како дијагностички маркер за мозочен удар, меѓутоа чувствителноста на овој тест е мала.
Наводи
Категорија:Цитоскелет Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ