Европско првенство во фудбал 2020 (УЕФА Евро 2020) — 16-то Европско фудбалско првенство, меѓународно европско фудбалско натпреварување кое се одржува еднаш на секој четири години во организација на Унијата на европските фудбалски асоцијации (УЕФА).
Турнирот, се одржал во 11 различни градови во 11 различни земји членки на УЕФА, а првично бил закажан да се одигра од 12 јуни до 12 јули 2020 година. Сепак, истиот бил одложен поради пандемијата на КОВИД-19 во Европа и презакажан за периодот од 11 јуни до 11 јули 2021 година. Натпреварувањето било одложен за да се намали притисокот врз јавните служби во земјите погодени од вирусот и да се овозможи завршување на домашните лиги кои биле суспендирани неколку месеци. И покрај промената на календарската година на одигрување, турнирот сепак го задржал името „Европско првенство во фудбал 2020“ или „УЕФА Евро 2020“.
Претседателот на УЕФА, Мишел Платини, во 2012 година изјавил дека турнирот требало да биде организиран од повеќе нации како „романтичен“ еднократен настан за прослава на 60-тиот „роденден“ на натпреварувањето - Европско првенство во фудбал. Со поголем капацитет од кој било друг стадион пријавен како организатор на настанот, стадионот Вембли во Лондон треба да биде домаќин на полуфиналето и финалето по вторпат во својата историја, откако на него претходно било одиграно финалето на првенството во 1996, но на поранешна инкарнација на стадионот. Стадионот Олимпико во Рим, пак ќе биде домаќин на воведниот натпревар на турнирот, во кој ќе играат репрезентациите на Турција и еден од домаќините Италија.
Првенството го освоила Италија, која во финалето ја победила Англија по изведување пенали, откако во регуларниот дел и продолженијата натпреварот завршил нерешено 1-1.
Избор на домаќини Некои земји веќе изразиле интерес за поднесување на кандидатура за добивање на домаќинство на турнирот, но тогашниот претседател на УЕФА, Мишел Платини, предложил за време на прес-конференција на 30 јуни 2012 година - на еден ден пред финалето на Европското првенство 2012 - наместо да има една земја домаќин (или заедничко домаќинство на две или повеќе земји), турнирот да може да се рашири низ „12 или 13 градови“ низ целиот континент. Во тоа време, УЕФА веќе користела сличен систем за одигрување на Елитната рунда на Европското првенство за играчи под 17 години, каде секоја од седумте групи имала различна земја-домаќин.
На 6 декември 2012 година, УЕФА објавила дека турнирот ќе се одржи во повеќе градови низ Европа по повод 60-годишнината од одржувањето на турнирот. Изборот на градовите домаќини не гарантирало автоматски пласман на репрезентацијата на таа земја. УЕФА образложила дека пан-европското поставување на турнирот е логична одлука ако се има предвид времето на финансиски потешкотии низ цела Европа. Планот на УЕФА бил дочекан со помешани реакции. Критичарите навеле дека проширениот формат (од 31 натпревар со 16 репрезентации на 51 натпревар со 24 репрезентации) и неговите дополнителни трошоци биле решавачки фактор само една нација (Турција) да претстави сериозна понуда за организирање на првенството.
Кандидатури Конечниот список на понуди за организаторство бил објавен од УЕФА на 26 април 2014 година, а одлуката за домаќинство била донесена од Извршниот комитет на УЕФА на 19 септември 2014 година. Имало две понуди за финалниот пакет (од кои едната била успешна, обележана со виолетово за полуфинале и финале) и 19 понуди за стандарден пакет (од кои 12 првично биле успешни, обележани со зелена боја за четвртфинале и групна фаза, и жолта за осминафинале и групна фаза); Брисел, обележан со црвена боја, првично бил избран, но подоцна бил отстранет од списокот на места за одржување на првенството од страна на УЕФА на 7 декември 2017 година. Истото важи и за Даблин, исто така обележан со црвена боја, кој бил избришан од списокот на 23 април 2021 година. Истиот ден, УЕФА исто така објавила дека натпреварите во Шпанија ќе бидат преместени од Билбао во Севиља.
Држава Град Стадион Капацитет Пакет Резултат Азербејџан Баку Олимписки стадион 68,700 Стандарден пакет Групна фаза и четвртфинале Англија Лондон Вембли 90,000 Финален пакет Полуфинале и финалеГрупна фаза и осминафинале (подоцна додадени) Белгија Брисел Евростадион (нов национален стадион) 50,000 (62,613 потенцијално) Стандарден пакет Групна фаза и осминафинале (подоцна откажан) Белорусија Минск Стадион Динамо 34,000 (да се прошири на 39,000) Стандарден пакет Одбиено Бугарија Софија Национален стадион Васил Левски 43,000 (да се прошири на 50,000) Стандарден пакет Одбиено Велс Кардиф Милениум 74,500 Стандарден пакет Елиминирано Германија Минхен Алијанц Арена 70,000 Стандарден пакет, Финален пакет Групна фаза и четвртфинале Данска Копенхаген Паркен 38,065 Стандарден пакет Групна фаза и осминафинале Израел Ерусалим Стадион Теди 34,000 (да се прошири на 53,000) Стандарден пакет Одбиено Ирска Даблин Авива 51,700 Стандарден пакет Групна фаза и осминафинале (подоцна откажан) Италија Рим Олимпико 70,634 Стандарден пакет Групна фаза и четвртфинале Македонија Скопје Филип Втори Арена 33,460 Стандарден пакет Одбиено Романија Букурешт Арена Национала 55,600 Стандарден пакет Групна фаза и осминафинале Русија Санкт Петербург Крестовски 68,134 Стандарден пакет Групна фаза и четвртфинале Унгарија Будимпешта Пушкаш Арена 56,000 (предложен нов стадион 67,215) Стандарден пакет Групна фаза и осминафинале Холандија Амстердам Амстердам Арена 54,990 (да се прошири на околу 56,000) Стандарден пакет Групна фаза и осминафинале Шведска Солна, Стокхолм Френдс Арена 54,329 Стандарден пакет Елиминирано Шкотска Глазгов Хемпден Парк 51,866 Стандарден пакет Групна фаза и осминафинале Шпанија Билбао Сан Мамеш 53,289 Стандарден пакет Групна фаза и осминафинале(подоцна преместено на Ла Картуха во Севиља)
Квалификации
thumb| |292px Овојпат немало екипи кои автоматски се квалификувале за натпреварувањето, и сите 55 репрезентации членки на УЕФА, вклучувајќи ги и 12-те репрезентации во чии земји се наоѓаат стадионите кои биле избрани да организираат натпревари, морале да се натпреваруваат во квалификациите за 24-тите места на завршниот турнир. Бидејќи градовите домаќини биле назначени од УЕФА во септември 2014 година, пред квалификациите, било можно репрезентациите од градовите домаќини да не се квалификуваат на завршниот турнир.
Ждрепката за квалификациите била извлечена на 2 декември 2018 година, во Даблин, Ирска.
Главниот квалификациски процес започнал во март 2019 година, наместо веднаш во септември 2018 година по Светското првенство, и завршил во ноември 2019 година. Форматот останал главно ист, иако само 20 од вкупно 24 места за финалниот турнир биле решени од главниот квалификациски процес, оставајќи уште четири места слободни кои требало да се определат подоцна. По приемот на Косово во УЕФА во мај 2016 година, било објавено дека 55-те членови во тоа време ќе бидат поделени во десет групи по завршувањето на УЕФА Лигата на нации (пет групи од пет екипи и пет групи од шест екипи, со тоа што четирите репрезентации кои учествувале во завршницата на УЕФА Лигата на нации, загарантирано ќе бидат извлечени во групи од по пет екипи), каде што пласман на Евро 2020 ќе изборат најдобрите две екипи во секоја група. Квалификациите се играа во двојни кола во месеците март, јуни, септември, октомври и ноември 2019 година.
Со создавањето на УЕФА Лигата на нации почнувајќи од 2018 година, ова натпреварување било директно поврзана со квалификациите за Европското првенство, давајќи им на екипите уште една шанса да се пласираат на турнирот. Четири екипи од секоја дивизија кои веќе не беа квалификувани на Европското првенство се натпреварувале во баражот за секоја дивизија. Победниците во баражите за секоја дивизија, играни во полуфиналиња на еден натпревар (најдобро рангирана екипа против најслабо рангирана екипа, и второ најдобро рангирана екипа против трето рангираната екипа, играни на домашен терен на повисоко рангираните екипи) и финале исто така во еден натпревар (со однапред извлечено место каде ќе се игра меѓу двете победнички екипи во полуфиналето), им се придружиле на дваесетте екипи кои веќе се квалификувале на турнирот.
Квалификувани репрезентации Од 24 екипи кои се пласирале на турнирот, 19 се истите од изданието во 2016. Меѓу нив биле и , двете забележале максимален учинок во квалификациски кампањи (10 победи во 10 натпревари), бранителот на титулата европски шампион , светскиот шампион , како и , која исто така се квалификувала, за нивното рекордно 13-то по ред Европско првенство. и биле репрезентациите кои дебитирале на Европското првенство во ова издание, тие никогаш претходно не се квалификувале за некој голем турнир. , како една од земјите домаќини на првенството, се квалификувала на прв голем меѓународен турнир уште од Светското првенство 1998 и првото Европско првенство од 1996. и се вратиле во завршните турнири на Европското првенство откако го пропуштиле првенството во 2016 година, а за холанѓаните ова било прво појавување на голем турнир уште од Светското првенство 2014 на кое освоиле бронзен медал. За прв пат во историјата на првенствата, , , и се квалификувале последователно на две Европски првенства едноподруго. Репрезентацијата на Грција, победник на Европското првенство 2004, била единствената репрезентација поранешен шампион која не успеала да се квалификува, пропуштајќи го своето второ по ред Европско првенство и третиот последователен голем турнир. Во однос на претходниот завршен турнир во 2016, на овој ги немало ниту , , , и кои исто така не успеале да се квалификуваат.
Од единаесетте земји домаќини, седум успеале да се пласираат директно на турнирот, додека Унгарија и Шкотска се пласирале преку баражот. Романија била елиминирана во полуфиналето од плејофот, додека Азербејџан ги загубиле шансите по квалификациската групна фаза. Ирска, првично избрана за домаќин на турнирот, исто така била елиминирана во полуфиналето од баражот, но подоцна им биле одземени правата за домаќинство.