S/2015 (136472) 1 (или MK2) — единствената позната месечина на џуџестата планета Макемаке. Се проценува дека има пречник од 175 км (за претпоставено албедо од 4 %) и голема полуоска од барем 21.000 км од Макемаке. Нејзиниот орбитален период изнесува ≥ 12 дена (најмалите вредности се за кружна орбита; вистинската занесеност е непозната). Забележана е во текот на април 2015 г. со помош на Широкоаголната камера 3 на вселенскиот телескоп „Хабл“, а окритието е објавено на 26 април 2016 г.
Макемаке и се најмалку познати од големите заднептунци. Откривањето на MK2 и подоцнежните набљудувања во 2018 г. овозможуваат да се утврди масата на Макемаке, со што ќе може да се осознае нејзината густина и други особености.
Набљудувања Според првичните проучувања на сликите, MK2 има отсјајност слична на дрвениот јаглен, што ја прави крајно темо тело. Ова делува неочекувано бидејќи Макемаке е второ тело по сјајност во Кајперовиот Појас. Една претпоставка за ова е дека гравитацијата не е доволно силна за да го спречи ослободувањето на сјајните, но испарливи мразови под дејство на топлината од далечното Сонце.
Според Алекс Паркер, раководителот на научната екипа во Југозападниот истражувачки институт од Тексас, сликите направени при откривањето на MK2 покажуваат дека неговата орбита е свртена со работ кон земските опсерватории. Ова значително го отежнува забележувањето на месечината бидејќи таа станува тешко видлива во блесокот на Макемаке, покрај темината на самата нејзина површина. Ако се утврди дека орбитата е кружна, ова би значело дека телото настанало во ударен настан далечното минато; доколку е елиптична, тогаш телото е зафатено подоцна.
Белешки
Наводи
Надворешни врски
MPEC 2016-H46 : S/2015 (136472) 1 — Центар за мали планети, 26 април 2016
Категорија:Месечини Категорија:Заднептунски месечини Категорија:Астрономски тела откриени во 2015 година