Никола Павлев Николовски (прекар Митре) ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.
Животопис Во родното село бил принуден да се занимава со земјоделство и сточарство. Тешките услови за живот го принудиле да се досели во Скопје со надеж на подобар живот. Во Скопје, тој работел како општ работник. Учествувал во разни дејствија за помош на вооруженото востание против окупаторот. На 5 септември 1944 година, тој стапил во борбените редови на Дванаесеттата македонска ударна бригада. Бил борец во втората чета на четвртиот баталјон. Се одликувал со скромност и совесност. Во една борба на бригадата против балистичките банди, бил убиен во селото Добри Дол.
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ