Намака () — помалата внатрешна месечина на џуџестата планета Хаумеја. Наречена е по морската божица Намака, една од ќерките на Хаумеја.

Откривање Месечината е откриена на 30 јуни 2005 г., а откритието е објавено на 29 ноември истата година. Пред да биде усвоено официјалното име, го носела прекарот „Блицен“, по еден од елените на Дедо Мраз.

Физички особености Намака има сјајност само 1,5 % од онаа на матична џуџеста планета Хаумеја и околу 0,05 % од нејзината маса. Ако албедото е слично, тогаш месечината би имала пречник од 170 км. Фотометриските набљудувања укажуваат дека површината ѝ е сочинета од замрзната вода.

Поврзано Хаумеини месечини

Наводи

Категорија:Хаумеини месечини Категорија:Астрономски тела откриени во 2005 година Категорија:Откритија на Мајкл Браун Категорија:Откритија на Чед Трухиљо Категорија:Откритија на Дејвид Рабиновиц