Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) — најстар и најголем универзитет на македонски јазик со седиште во Скопје. Формиран е на 24 април 1949 година со три факултети, а денес претставува заедница на 23 факултети, 9 научни институти (5 составни и 4 кои соработуваат со универзитетот) и 8 други институции. За прв ректор е избран Кирил Миљовски, а сегашен ректор е Билјана Ангелова.

Состав на универзитетот

Универзитетот е составен од 23 факултети, 5 составни институти и 4 јавни научни установи, 1 придружна членка како и 7 други организации кои соработуваат со универзитетот.

Факултети

Денес во универзитетот постојат 23 факултети од сферата на природните, медицинските, техничките, општествените и биотехничките науки како и уметноста. Природни науки Природно-математички факултет Медицински науки Медицински факултет Стоматолошки факултет Фармацевтски факултет Факултет за физичко образование, спорт и здравје

Технички науки Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство Архитектонски факултет Градежен факултет Машински факултет Факултет за електротехника и информациски технологии Технолошко-металуршки факултет Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер

Општествени науки 300px|right|thumb|Комплексот на Економскиот, Филозофскиот, Филолошкиот и Правниот факултет. Филозофски факултет Филолошки факултет „Блаже Конески“ Економски факултет Правен факултет „Јустинијан Први“ Педагошки факултет „Св. Климент Охридски“

Биотехнички науки Факултет за земјоделски науки и храна Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“ Факултет за ветеринарна медицина Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер

Уметности Факултет за музичка уметност Факултет за драмски уметности Факултет за ликовни уметности

Составни институти Економски институт Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија Институт за социолошки и политичко-правни истражувања Земјоделски институт Институт за сточарство

Придружни членки Јавни научни установи Институт за македонска книжевност Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ Институт за национална историја Институт за фолклор „Марко Цепенков“

Други високообразовни институции Православен богословски факултет „Св. Климент Охридски“

Други организации Академско културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“ Државен студентски дом „Пелагонија“ Државен студентски дом „Томе Стефановски - Сениќ“ Државен студентски центар „Скопје“ Завод за испитување на материјали и развој на нови технологии „Скопје“ Ј.З.О. Јавна здравствена станица

Универзитетска библиотека мини|десно|Универзитетската библиотека НУБ „Св. Климент Охридски“

Академска библиотека на „Св. Кирил и Методиј“ е НУБ „Св. Климент Охридски“, која е воедно и национална библиотека на Македонија. Отворена е во 1920 година како библиотека на Филозофскиот факултет, а подоцна станала јавна Народна библиотека и библиотека на универзитетот во сегашната зграда.

Награди Во 2007 година Универзитетот „Кирил и Методиј“ е одликуван со Орден на Република Македонија за постигнатите исклучителни резултати во долгогодишната научна, наставна и апликативна дејност, давајќи значителен придонес за севкупниот развој и афирмација на Република Македонија како современа демократска држава во светот.

Дипломци Борис Трајковски - Втор претседател на Република Македонија Бранко Црвенковски - Трет претседател на Република Македонија Зоран Јолевски - Македонски амбасадор во САД

Наводи

Надворешни врски Официјална страница на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Студентски правобранител на УКИМ

* Категорија:Универзитети во Македонија Категорија:Појавено во 1946 година во Македонија Категорија:Бруталистичка архитектура во Македонија