Тизба (88 Тизба) — астероид од главиниот појас кој го зазема 13. место по големина. Откриен е од К. Х. Ф. Петерс на 15 јуни 1866 г. и наречен по девојката Тизба од грчко-римската приказна за вавилонската љубовна двојка Пирам и Тизба. На 7 октомври 1981 г. е Тизба е забележана како прикрива ѕвезда, поради што е утврдено дека таа има пречник од 232 км, што е повеќе од очекуваното.Observed minor planet occultation events, version of 2005 July 26

Во текот на 2000 г. 88 Тизба е забележана од радар во опсерваторијата „Аресибо“. Повратниот сигнал укажал на делотворен пречник од 207 ± 22 км. Ова одговара на димензиите пресметани на други начини.

Фотометриските набљудувања на овој астероид во 1977 г. пронашле светлинска крива со период од 6,0422 ± 0,006 часа и сјајносно колебање од 0,19 величини.

Растројување

Тизба е растроена од астероидот 7 Ирида и во 2001 г. Г. Михалак ѝ ја проценил масата на 1,5 кг.(Ниска проценка на масата на Тизба 0,074 / Маса на Церера 4,75) * Маса на Церера 9,43E+20 = 1,469E+19 Но Ирида е силно растроена од бројни мали планети како 10 Хигија и 15 Евномија.

Во 2008 г. Џим Бер ја проценил масата на Тизба на 1,05 кг. Во 2011 г. Бер ја сменил проценката на 1,83 кг со несигурност од 1,09 кг.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Астероиди наречени по ликови од римската митологија Категорија:Астероиди од типот CF Категорија:Астероиди од типот B Категорија:Откритија на Кристијан Петерс Категорија:Астрономски тела откриени во 1866 година