Ариф Расим Дураковски ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОБ.

Животопис Потекнувал од сиромашно семејство. Бил општ работник. Веднаш по ослободувањето на Скопје, тој стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада, со која учествувал во разоружувањето и дефинитивното разбивање на балистичките банди во вардарскиот дел на Македонија, Косово и Метохија. Со Бригадата, тој подоцна заминал за Срем. По тримесечната обука во совладувањето на новото оружје и воената вештина, тој учествувал во пробивот на Сремскиот фронт. Загинал на 16 април 1945 година, во борбите кај Банова Јаруга, тогашна Независна Држава Хрватска.

Наводи

Категорија:Македонски партизани Категорија:Учесници во НОБ