Трајан Младенов Јанковски ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.

Животопис Потекнувал од селско семејство. Не посетувал училиште, па затоа сам научил да чита и пишува. Во ноември 1944 година стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада, која била во составот на XV корпус. Со неа заминал во Срем. Бил учесник во пробивот на германско-усташките позиции кај Шид - Товарник. Во втората половина на април 1945 година храбро загинал, при ослободувањето на Банова Јаруга. Бил закопан на местото каде што загинал.

Поврзано

Раде Јанковски (1968–2001) — македонски бранител

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ