Топли Вирови — месност и излетничко место над селото Чифлик, во југоисточниот дел на Македонија. Тие се сместени на реката Дошница и нивното име доаѓа од тоа што образуваат базени со вода сместени во карпи, која брзо се загрева.

Местоположба

Месноста се наоѓа над демиркапиското село Чифлик.

Пристап

До месноста може да се дојде преку асфалтен пат од градот Демир Капија во насока на селото Дрен. Месноста е во атарот на селото Чифлик, во непосредна близина на истуреното маало Дошница, наречено по старата ХЕЦ „Дошница“. Пред самото маало и месноста Топли Вирови, патот станува макадам.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Чифлик (Демиркаписко) Категорија:Туризам во Македонија