Свети Никола – манастирска црква на Суводолскиот манастир.

Историја Од натписната плоча до влезот на конакот се забележува дека црквата била изградена во 1931 година, по што била срушена во 1994 година и изградена на новото место на манастирот во 1996 година.

Архитектура Градбата на црквата претставува крстокуполен храм со осумаголна купола којашто има по една монофора на секоја страна и многуаголна апсида на источната страна. Главниот влез се наоѓа на западната страна и од обете страни на влезната врата има по една вертикална застаклена фреска — на левата е претставена Богородица со Исус, а на десната Свети Никола. Црквата има и спроеден влез на јужната страна. Објектот во целост е обоен во бела боја и е покриен со кров од ќерамиди.

Камбанаријата на црквата е со квадратна основа. Рабовите на аглите се истакнати нанадвор и забележителни се тулите од коишто се изградени. Слично како и црквата, камбанаријата е целосно обоена во бела боја и е покриена со кров од ќерамиди.

Галерија

Поврзано Суводолски манастир Суводол Преспанско-пелагониска епархија Битолско архијерејско намесништво Новачка парохија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Мегленци Суводол