Молика или македонски бор ()Michael Dirr - Dirr's Hardy trees and shrubs: an illustrated encyclopedia, , Timber Press, 1997, ISBN 978-0-88192-404-6, стр. 282 — вид борово дрво што вирее по планините во Македонија. Може да се најде и во делови од Бугарија, Албанија, Србија, Црна ГораFolke Andersson - Ecosystems of the world, book 6 - Coniferous forests, Elsevier, 2005, ISBN 978-0-444-81627-6, стр. 138 и во мали предели во Егејска Македонија1997 IUCN red list of threatened plants, World Conservation Monitoring Centre, IUCN, 1998, ISBN 978-2-8317-0328-2, стр. 26 (цитат: Albania, Bulgaria (west), Greece (extreme north), (former) Yugoslavia (south)), обично на 1.000-2.200 m надморска височина. Честопати ја достигнува алпската шумска граница во оваа област.

Опис Ова дрво расте 30 – 40 m во височина, со пречник на трупот од 1,5 m. Круната е тесна и пирамидална, кората на стеблото е сивкаво кафеава, кај младите стебла е мазна, а кај старите пука и од неа паѓаат мали лушпи. Пупките се јајцевидни, на врвот заострени. Младите гранчиња се голи. Игличките по пет во снопче, долги 7-10 см, широки 0,7 мм, заострени, сивозелени. Шишарките на моликата се цилиндрични, долги 8 – 15 см, широки 2,5 см, светлокафеави, повеќе или помалку искривени.Семенките се долги 8 мм, а крилото 15 мм.Кирил Мицевски: Флора на СР Македонија, том 1, св. 1, стр. 80-81, МАНУ, Скопје, 1985

Најчесто семенките ги разнесува птицата лешникарка.

Моликата е многу отпорна на големи студови, дури и до -45 °C, како и на изложеност на ветер.

Употреба Моликата е едно од највредните зимзелени дрвја на Балканскиот Полуостров. Нејзиното дрво е високо ценето во градежништвото, производството на мебел, резбањето и изработката на буриња. Ова дрво е исклучително добро во прилагодување на суровите планински климатски услови, што го прави особено соодветно на пошумување на висок терен за заштита од ерозија. Месното население ја користи смолата од моликите за да лечи рани, за лекување на зарази на белите дробови, кожата и стомакот, проширени вени и други заболувања.

Како и други европски и азиски бели борови, моликата е мошне отпорна на габичното заболување Cronartium ribicola. Заболувањето било случајно пренесено во Северна Америка, каде направило пустош по автохтоните северноамерикански бели борови во многу области. Моликата е од големо значење во истражувањата за вкрстување и генетска модификација за создавање на отпорност од габи кај овие дрва.

Распространетост мини|лево|150px|Моликова шума во Маљовица, Рила Во Бугарија може да се најде во шумите на Рила, Пирин, Западни Родопи, Средна Стара планина, Славјанка и Витоша, при надморска височина од 1.400 до 2.100 метри. Во Пирин Молика зазема 23,4% од зашумена површина на паркот.Списание „Орбел“, бр. 1, 2009 г. - „Балканските ендемити Бяла и Черна мура“, изд. на Национален парк Пирин

Моликата е одомаќинета во Пункахарју во источна Финска.

Таа е исто така позната и како украсно дрво по паркови и големи градини, давајќи постојан и бавен раст на најразлични терени.

Во Македонија мини|десно|300п|Моликова шума, Пелистер Во Македонија главно расте на силикатна подлога во суптропскиот појас, на надморска височина од 1400-2100 метри. Се среќава на Шар Планина и Пелистер, а се наведува дека е видена на Ниџе, Рудока, западниот дел на Кожуф и Галичица, како и на Јабланица.Кирил Мицевски: Флора на СР Македонија, том 1, св. 1, стр. 80-81, МАНУ, Скопје, 1985

Моликата е симбол на националниот парк Пелистер на планината Баба кај Битола. Таму моликовите шуми се издвоени во две заедници: моликови шуми со папрат (Pteridio pinetum peucis) и моликови шуми со боровинка (Murtila Pinetum peuces).

На 2 јули 1839 година, познатиот ботаничар Август Гризебах, на падините на Пелистер ја открил моликата, ја класифицирал како специфичен растителен вид, карактеристичен за Балканот, најкомпактно застапен на Пелистер.Бор – Молика – Pinus peuce Gris. , НП Пелистер

Галерија

Наводи

Надворешни врски

НАЦИОНАЛЕН ПАРК „ПЕЛИСТЕР“ - Молика Податотека на голосеменици - Молика (Pinus peuce)

Категорија:Бор (род) Категорија:Флора на Македонија Категорија:Баба (планина) Категорија:Речиси загрозени видови според МСЗП