„Уна“ — југословенски филм од 1984 година. Филмот го режирал Милош Радивојевиќ, а сценариото го напишал Небојша Пајкиќ според истоимениот роман на Момо Капор.

Дејство Филмот „Уна“ е приказна за љубовната врска меѓу студентката Уна Војводиќ (ја игра Савиќ) и професорот Мишел Бабиќ (го игра Шербеџија), кој е постар 24 години од неа.

Едно романтично интервју, наменето за читателите на студентскиот весник, го менува животот на студентката Уна и еден угледен професор. Таа е убава и интелигентна, но недорасната за комплицираните врски во кои западнала, а професорот е човек чии предавања за масовните медиуми најмногу се слушаат на факултетот, но неговите тези не наидуваат на одобрување во бирократските кругови на универзитетот. Продеканот на факултетот (го игра Краљ) успева да ја вклучи Уна во играта со професорот. Така, едно безопасно интервју се претвора во досие на животните, филозофските и идеолошките ставови на контроверзниот професор, а потоа во злонамерен извештај за неговиот живот, однесување, делување и движење...

Улоги Глумец УлогаСоња Савиќ УнаРаде Шербеџија Професор Мишел БабиќМилена Дравиќ Жената на МишелПетар Краљ ПродеканотДушан Јаниќијевиќ Татко ѝ на УнаСветислав Гонциќ ГоранМиодраг Јаковљевиќ ВранаПредраг Милинковиќ сопственикот на книжаратаДрагољуб Војнов Другарот Предраг Петровиќ

Наводи

Надворешни врски

Соња Савић је играла у првом југословенском меком порнићу („Вечерње новости”, 5. септембар 2016)

Категорија:Југословенски филмови Категорија:Хрватски филмови Категорија:Српски филмови Категорија:Филмови од 1984 година Категорија:Филмови на српскохрватски јазик Категорија:Филмови на Милош Радивојевиќ Категорија:Филмови со Соња Савиќ Категорија:Филмови со Раде Шербеџија Категорија:Филмови со Милена Дравиќ Категорија:Филмови со Петар Краљ Категорија:Филмови со Светислав Гонциќ Категорија:Филмови со Душан Јаниќијевиќ