Св. Никола — црква во ресенското село Љубојно. Му припаѓа на Ресенското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА.

Претставува малка градба со полукружна апсида. Црквата била метох, што се знае од грамотата на кралот Стефан Душан од 1337 г. во која се потврдува дека таа е во сопственост на манастирот Трескавец. Оттука може да се заклучи дека црквата датира најдоцна од почетокот на XIV век. Храмот е обновен во 1971 г.

Поврзано Подмочанско-љубојнска парохија Ресенско архијерејско намесништво

Наводи

Надворешни врски

Љубојно