Драгољуб „Драго“ Анѓелковиќ (р. 14 април 1993 година) е српски фудбалски напаѓач, кој игра за шведскиот клуб КСФ Преспа Бирлик.FK Grafičar - OFK Beograd‚ ofkbeograd.co.rs, 9 September 2017
Клупска кариера
Слога Краљево
Сезона 2010-11 Роден е во градот Краљево. Драгољуб ги поминал младинските категории на клубот на Слога од Краљево. По добрите игри и ефикасноста на натпреварите, уште како млад ја добил можноста да го носи дресот на првиот тим. Во својата дебитантска сезона за првиот тим забележал 18 првенствени натпревари, а постигнал 4 гола со што придонел тимот на Слога да се врати во Српската прва лига. Тој бил на клупата на натпреварот од Лав купот,против тимот на Црвена ѕвезда од Белград.
Сезона 2011-12 Во сезоната 2012–13, Анѓелковиќ играл и за младинскиот тим на Слога, а често бил и назначуван за капитен. Во првата полусезона не играл многу за сениорскиот тим на Слога, но во втората бил прва замена за фудбалерот Дарко Дриниќ. Анѓелковиќ започнал на вкупно 3 натпревари, одиграл 22 натпревари и не постигнал ниту еден гол.
Сезона 2012-13 По заминувањето на Дриниќ од клубот, Анѓелковиќ го презел дресот со број 9 и ја започнал сезоната како прв избор во нападот на клубот. Но, набргу во Слога пристигнал фудбалерот со поголемо искуство, Јован Јовановиќ. Тогаш Анѓелковиќ бил приморан да премине како играч во десницата, односно како напаѓач кој ќе дејствува по десната крилна позиција. Сезоната ја поминал главно на таа позиција, но учествувал и како втор напаѓач. На крајот на сезоната бил еден од најефикасните играчи веднаш по првиот избор во нападот Јован Јовановиќ. Постигнал 7 гола и придонел тимот на Слога да остане во лигата. Таа сезона настапил на 26 лигашки и на еден куп натпревар.
Сезона 2013-14 Тимот на Слога главно ја започнал сезоната со играчи од минатата година и со само едно засилување и тоа Немања Леканиќ, но за вториот натпревар бил ангажиран уште еден напаѓач, Велимир Станковиќ. Во првата полусезона Слога успеала да победи на сите 7 домашни натпревари, а од гостувањата освоила уште 5 бода. Анѓелковиќ постигнал 4 гола (два во купот) постигнувајќи гол против БСК Борча во ремито на гости, потоа во домашната победа против Синѓелиќ од Белград. На натпреварот против Синѓелиќ, по неуспешно нафрлено додавање кога топката го измамила голманот Бубоња и завршила во голот. Тоа била многу успешна есен за тимот на Слога, кога вкупно 4 напаѓачи постигнале 6 гола. Анѓелковиќ постигнал 2 гола, Станковиќ исто така 2 гола, а Никола Радовиќ и Иван Ќуковиќ по 1 гол. Подоцна во Слога пристигнал нов напаѓач и тоа Милан Јовановиќ. Овој напаѓач пристигнал за втората полусезона и неколку натпревари по почетокот на пролетниот дел од првенството. Поради ова засилување Анѓелковиќ паднал во втор план, такашто на некои натпревари бил принуден да седи на клупата. Вкупно 5 пати влегувал во игра како резервен играч. Сезоната ја завршил со 24 првенствени натпревари и 2 постигнати гола. Настапил и на куп натпреварот против Војводина.
Сезона 2014-15
Позајмица во Вождовац По дозволата на Слога сите играчи да го напуштат клубот, Анѓелковиќ се преселил во клубот на Вождовац и тоа како позајмица заедно со играчот Зоран Марушиќ. Тој добил дозвола да настапува за клубот на третиот натпревар против тимот на Рад. Анѓелковиќ го постигнал единствениот гол за Вождовац на неговото деби во Јелен Суперлига во дебаклот на Вождовац против тимот на Рад. Овој натпревар завршил со резултат од 1:6.
Враќање во Слога Краљево Анѓелковиќ и Марушиќ се вратиле во Слога од Краљево во јануари 2015 година. Иако Слога испаднала во втората српската лига Запад, Анѓелковиќ таа година ја имал својата најдобра полусезона играјќи за клубот на Слога. Одиграл 14 натпревари во лигата и постигнал вкупно 7 гола: 4 дома, против Јавор во 16 коло, Колубара во 20 коло, Пролетер во 27 коло и против тимот на Синѓелиќ во 29 коло. Тој исто така постигнал и 3 гола на гости, вклучувајќи 2 против Слога Петровац во 26 коло и 1 против тимот на Јединство Путеви во 28 коло од првенството.
ОФК Петровац и Слога Петровац на Млав Откако Слога Краљево испаднала од Српската прва лига, Анѓелковиќ се преселил во Црногорската прва лига за тимот на ОФК Петровац. Откако постигнал 3 гола на 10 натпревари во првата половина од сезоната 2015–16, Драгољуб се вратил во Србија и се приклучил на тимот на Слога Петровац на Млав. Тој имал 6 настапи во Првата лига на пролетната полусезона, и тоа главно како резервен играч. По распуштањето на клубот во летото 2016 година, Анѓелковиќ си заминал како слободен агент (слободен играч).
Борац Чачак Во летото 2016 година, Анѓелковиќ му се приклучил на тимот на Борац од Чачак. По претсезонскиот период, тој потпишал две години и половина договор со клубот. Тој својот прв официјален натпревар за клубот на Борац го имал на вториот натпревар од сезоната 2016–17 во српската Суперлига. Тогаш го заменил Марко Зоќевиќ во второто полувреме од натпреварот против Младост од Лучани, кој се одиграл на 30 јули 2016 година.
Статистика во кариерата
Клуб
Клуб Сезона Лига, натпревари и постигнати голови Куп натпревари Континентални натпревари Други Вкупно Лига Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови Слога Краљево 2010–11 Лига Запад 18 4 1 0 - 1 0 19 4 2011–12 Прва лига 25 0 - - - 25 0 2012–13 26 7 1 0 - - 27 7 2013–14 24 2 1 0 - - 25 2 2014–15 14 7 - - - 14 7 Вкупно 107 20 3 0 - 1 0 111 20 Вождовац (на позајмица) 2014–15 Суперлига 3 1 0 0 - - 3 1 ОФК Петровац 2015–16 Прва лига 10 3 - - - 10 3 Слога Петровац на Млав 2015–16 Прва лига 6 0 - - - 6 0 Борац Чачак 2016–17 Суперлига 11 0 0 0 - - 11 0 Вкупно во кариера 137 24 3 0 - 1 0 141 24
Наводи
Надворешни врски Драгољуб Анѓелковиќ статистика на utakmica.rs Драгољуб Анѓелковиќ на СвФФ
Категорија:Српски фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1993 година