Амам „Мустафа Челеби“ — поранешен амам во градот Струга. Прогласен е за значајно културно наследство на Македонија.

Сместен е во комплексот на џамијата „Мустафа Челеби“ (крај на XVI – почеток на XVII век), меѓу улиците „Туристичка“ и „Вардар“.

Објектот се смета за важен споменик на османлиската архитектура на Македонија, и како таков добил статус на заштитено добро на 7 декември 1954, и повторно на 30 декември 2003 година.

Поврзано Џамија „Мустафа Челеби“

Наводи

Категорија:Знаменитости во Струга Категорија:Исламски споменици на културата во Македонија Мустафа Челеби Мустафа Челеби