Иван Танев ДојчиновЃорѓи Танковски – Лилин, Јован Д. Кочанковски „Битолско-преспански партизански одред ‘Даме Груев’ (1942-1944)“, Друштво за наука и уметност – Битола, Битола, 1998, 221 и 224 стр. ( во - во )„Почина првоборецот Иван Дојчинов“, „Нова Македонија“, 31 јануари 1992, 4 стр. — македонски комунист, борец во Шпанската граѓанска војна, учесник во НОВ, а по војната репресиран како информбировец. Дојчинов бил член на Главниот штаб на НОВ на Македонија и учествува на Првото и Второто заседание на АСНОМ. Бил носител на „Партизанска споменица 1941“.
Рани години: преку Бугарија до Аргентина
Во текот на Првата светска војна неговото семејство се преселува во Ќустендил. Во март 1930 година заминал на печалба во Буенос Аирес, Аргентина.Миле Тодоровски „Револуционерната дејност на Иван Христов Дојчинов меѓу двете светски војни“ во Орде Ивановски и др. (ур.) „Дејноста на македонската емиграција од Јужновардарскиот регион меѓу двете светски војни“, Културно-просветна заедница, Гевгелија, 1990, 184 стр. Таму станал член на Македонската прогресивна организација и на Антиимперијалистичката, антифашистичка и антивоена лига. Соработувал и со весникот „Македонски глас“.Александар Литовски „Јубилејна хронологија на македонското националноослободително движење и на антифашистичката борба во Македонија во 2011“, Битола, 2011, 225 стр. Во октомври 1932 година е затворен. Во затворот е примен за член на КП Аргентина. Во април 1933 година е ослободен, но во текот на 1933 и 1934 година уште неколкупати е затворан.Тодоровски, цит. дело, 186 стр.
Шпанија
За Шпанија тргнал од Аргентина на почетокот од октомври 1936 година.Ivan Dojčinov “Doprinos jugoslovenske emigracije u Argentini” во Čedo Kapor (ur.) "Španija 1936-1939", "Vojnoizdavački zavod", Beograd, 1971, tom 5, 366 str. Учествува во повеќе битки и трипати е рануван. Добил чин капетан. Во средината на јануари 1939 година со други интербригадисти ја напушта Шпанија и заминува за Франција, каде е затворен во логор за интербригадисти. Во декември 1939 година избегал од логорот Аржелес сур мер во Франција и преку Италија и Југославија стигнал во Софија.Кирил Величков „Доброволци на свободата“, „Партиздат“, София, 1972, 297 стр.
НОВ
Во 1941 година се вклучува во народно-ослободителното движење во Македонија како инструктор на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија. Станува член на Покраинскиот воен штаб, а потоа и на Главниот штаб на НОВ и ПОМ. Кога во мај 1943 година е формиран Кичевско-мавровскиот одред, Дојчинов е избран за командант на одредот. Потоа станува командант на Првата оперативна зона на НОВ и ПОМ. Делегат е на првото заседание на АСНОМ.
За време на НОБ, Дојчинов ја пишува песната „Партизанска химна на Првата оперативна зона“ која е објавена во првата стихозбирка на „Македонски народно-ослободителни песни“.Блаже Ристовски (уредник) „Рациновите македонски народно-ослободителни песни“, „Матица македонска“, Скопје, 1993, 53 стр.
Повоени години
По ослободувањето на Македонија, учествува на Второто заседание на АСНОМ, а потоа е испратен во СССР, во Воената академија „Фрунзе“. По враќањето, во 1948 година, е унапреден во чин потполковник и бил назначен за командант на Валевската воена област и за началник на Оперативното одделение на Петтата армиска област.
На 29 декември 1950 година"16.101 golootočana, po spisku!" , "Novi plamen", 25.12.2013. Дојчинов е притворен како осомничен во врска со Резолуцијата на Информбирото. По едногодишната истрага, на 10 ноември 1951 година е осуден на девет години строг затвор и три години ограничени права. Во март 1952 година е префрлен на издржување на казната во Билеќа, а во 1954 година е префрлен на Голи Оток. Помилуван е и пуштен од затвор на 29 ноември 1956 година, откако дојде до затоплување на односите со СССР по доаѓањето на Никита Хрушчов во Југославија во мај-јуни 1955 година.
По ослободувањето од затвор се враќа во Скопје и се вработува во Металскиот завод. Во јули 1958 година повторно е затворен, но по шест месеци, во декември истата година, е ослободен како невин. Емигрира во Бугарија, но повторно се враќа во Скопје.
Наводи
Литература Димче Најчески „Голооточки сведоштва“, Скопје, 2002, книга втора, 76-84 стр. „Македонска енциклопедија“, МАНУ, Скопје, 2009, 479 стр.
Надворешни врски
30 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА ГЕВГЕЛИЧАНЕЦОТ ИВАН ДОЈЧИНОВ
Категорија:Луѓе од Гевгелија Категорија:Македонски комунисти Категорија:Учесници во Шпанската граѓанска војна Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Делегати на Првото заседание на АСНОМ Категорија:Носители на Партизанска споменица од 1941 Категорија:Затвореници на Голи Оток Категорија:Македонски воени лица Категорија:Починати во Скопје Категорија:Репресирани поради Резолуцијата на Информбирото Категорија:Делегати на Второто заседание на АСНОМ Категорија:Македонски затвореници и притвореници Категорија:Југословенски затвореници и притвореници Категорија:Затвореници и притвореници во Хрватска Категорија:Затвореници и притвореници во Југославија