Карл Токо Екамби (роден на 14 септември 1992 година, во Париз) — камерунски фудбалер, на и на камерунската репрезентација.
Клупска кариера ФК Париз и Сошо Роден во Париз, Токо Екамби ја започнал својата кариера во третолигашот ФК Париз. Во јуни 2014 година, завршил како трет стрелец со 13 гола во државното првенство, тој преминал во Сошо. Тој го направил своето деби во Лига 2 во првото коло од сезоната 2014–2015 против УС Орлеан, влегувајќи како замена во 57-мата минута на местото на Томас Герберт во поразот на домашен терен со 1–0. Тој ја завршил својата прва сезона со Сошо како четврти стрелец во лигата со 14 постигнати гола.
Анже Во јуни 2016 година, Токо Екамби потпишал четиригодишен договор со Анже приклучувајќи му се на клубот од Североисточна Франција за 1 милион евра. Тој постигнал седум голови во својата прва сезона во Лига 1, вклучително и два во победата со 3–0 на домашен терен над Бастија на 26 февруари.
Во август 2017 година, Брајтон и Хоув Албион, новопромовираниот член на Премиер лигата, наводно, поднел понуда за него, нудејќи 8 милиони евра плус 1 милион евра во можни бонуси. Сепак, до тој трансфер не се стигнало. И покрај тоа тој ја започнал сезоната 2017-2018 во добра форма, постигнувајќи девет гола во 18 настапи во Лига 1 во првата половина од сезоната, привлекувајќи интерес и од други клубови од Англија за неговите услуги во јануарскиот преоден рок. Во јануари 2018, Брајтон повторно се обидел да го доведе Токо Екамби и испратил понуда за него, која била одбиена од Анже. На 24 февруари 2018 година, Токо Екамби постигнал два гола во второто полувреме, вклучувајќи го и победничкиот во 89-тата минута, за да му помогне на Анже да излезе од зоната за испаѓање со победата од 2–1 на гостувањето кај Лил. Тој ја завршил сезоната во Лига 1 со 17 гола, кој му донеле деветто место во генералниот пласман на најдобрите стрелци во лигата. На крајот на сезоната, тој ја добил наградата Прикс Марк-Вивиен Фое за најдобар играч од Африка во лигата. Тој станал првиот Камерунец кој ја освоил наградата именувана по Марк-Вивиен Фое, друг камерунски играч кој починал играјќи за својата земја во 2003 година.
На 25 април 2017 година, влегувајќи како доцна замена Токо Екамби постигнал гол во победата со 2–0 на домашен терен над Генгамп во полуфиналето на Купот на Франција. Во првото финале на Анже од 1957 година, на 27 мај, тој го одиграл целиот натпревар во поразот со 1–0 од Париз Сен Жермен.
Виљареал Во јуни 2018 година, Токо Екамби потпишал за шпанскиот прволигаш Виљареал за околу 20 милиони евра. Неговото доаѓање во клубот било со цел да се замени Седрик Бакамбу, кој заминал во Кинеската Суперлига во јануари. Тој постигнал десет гола во својата прва сезона во Примера Дивисион, вклучително и два во победата од 3–1 на домашен терен над Рајо Ваљекано на 17 март.
Со по пет гола, Токо Екамби бил најдобар стрелец во Купот на Шпанија, заедно со Анхел од Хетафе. Четири од неговите пет гола дошле во убедливата победа со 8-0 (вкупен резултат 11-3) на домашен терен над Алмерија во четвртото коло, проследено со голот кој го постигнал во следната рунда против Еспањол, екипата која го исфрлила Виљареал од натпреварувањето.
Токо Екамби бил избран за Играч на месецот во Примера Дивисион за октомври 2019 година, откако постигнал три гола вклучувајќи ги и двата во победата со 4–1 над Депортиво Алавес на 25 октомври.
Вкупно за Виљареал во сезона и половина, колку што го носел дресот на жолтата подморница, Токо Екамби одиграл 62 натпревари и постигнал 24 голови.
Олимпик Лион На 20 јануари 2020, Токо Екамби се вратил во француската Лига 1, приклучувајќи му се на Олимпик Лион на позајмица до крајот на сезоната. Своето деби за Лион го направил на 26 јануари 2020, во победата на домашен терен над Тулуза со 3-0, постигнувајќи го притоа и својот прв гол за Les Gones во 77-мата минута од натпреварот. Следната недела, тој се впишал во листата на стрелците и во својот втор натпревар за клубот, во поразот со 2-1 на гостувањето кај Ница. На 2 јуни 2020, Лион го откупил Токо Екамби за 11.5 милиони евра, потпишувајќи четиригодишен договор со играчот. После суспензијата на првенството поради пандемијата на КОВИД-19, тој играл во финалето на Лига купот на 31 јули, последниот натпревар во историјата на натпреварувањето. Влегувајќи како замена во 80-тата минута за Мемфис Депај, тој постигнал гол при изведувањето на пеналите откако натпреварот завршил без голови, но неговиот тим загубил од Париз Сен Жермен.
Во сезоната 2020-2021, Токо Екамби постигнал 14 голови за Лион во Лига 1.
Репрезентативна кариера
Своето деби за репрезентацијата на Камерун, Токо Екамби го направил на 6 јуни 2015 година, во победата со 3–2 над Буркина Фасо во пријателски натпревар одигран во Коломб, Франција, во кој влегол како замена во 66-тата минута на местото на Џастин Менголо. Својот прв гол го постигнал на 3 септември следната година во победата на домашен терен со 2–0 над Гамбија во квалификациите за Африканскиот куп на нации 2017. Селекторот Уго Брос подоцна го повикал Токо Екамби и на завршниот турнир во Габон, кој камерунците го освоиле.
Во јуни истата година, Токо Екамби настапил за својата земја и на Купот на конфедерации 2017 во Русија. Тој одиграл два натпревари таму без постигнат гол, а Камерун бил елиминиран во фазата по групи.
Во 2019 година, настапил на својот втор турнир на Африканскиот куп на нации во Египет. Во првиот натпревар од групата против , тој му асистирал на Јаја Банана за првиот гол во победата со 2-0. Токо Екамби играл во сите четири натпревари на Камерун на турнирот, а неговата репрезентација била елиминирана во осминафиналето после поразот од со 2-3.
На почетокот на 2022 година, тој учествувал на Африканскиот куп на нации 2021, турнир на кој домаќин била неговата земја Камерун.
Статистика на кариерата Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 9 октомври 2021. Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2010-2011 ФК Париз НП 2 0 КФ 0 0 - - - - - - 2 0 2011-2012 НП 25 3 КФ 3 0 - - - - - - 28 3 2012-2013 НП 14 4 КФ 0 0 - - - - - - 14 4 2013-2014 НП 27 14 КФ 0 0 - - - - - - 27 14Вкупно ФК Париз 68 21 3 0 - - - - 71 21 2014-2015 Сошо Л2 38 14 КФ+ЛКФ 0+1 0 - - - - - - 39 14 2015-2016 Л2 34 11 КФ+ЛКФ 4+2 0 - - - - - - 40 11Вкупно Сошо 72 25 7 0 - - - - 79 25 2016-2017 Л1 31 7 КФ+ЛКФ 2+0 1+0 - - - - - - 33 8 2017-2018 Л1 32 17 КФ+ЛКФ 1+1 0 - - - - - - 34 17Вкупно Анже 63 24 4 1 - - - - 67 25 2018-2019 Виљареал ПД 34 10 КШ 2 5 ЛЕ 7 3 - - - 43 18 2019-јан. 2020 ПД 18 6 КШ 1 0 - - - - - - 19 6Вкупно Виљареал 52 16 3 5 7 3 - - 62 24 јан.-авг. 2020 Олимпик Лион Л1 8 2 КФ+ЛКФ 3+1 0 ЛШ 4 0 - - - 16 2 2020-2021 Л1 35 14 КФ 4 0 - - - - - - 39 142021-2022 Л1 17 5 КФ 0 0 ЛЕ 6 6 - - - 23 11Вкупно Олимпик Лион 60 21 8 0 10 6 - - 78 27Вкупно во кариерата 315 106 25 6 17 9 - - 357 121
Титули Репрезентативни Африкански куп на нации : 1 Габон 2017
Наводи
Надворешни врски
Карл Токо Екамби на soccerway Карл Токо Екамби на transfermarkt Карл Токо Екамби на eurosport Карл Токо Екамби на whosocred
Категорија:Живи луѓе Категорија:Камерунски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Сошо Категорија:Фудбалери на ФК Виљареал Категорија:Фудбалери на ФК Олимпик Лион Категорија:Родени во 1992 година