Една летна ноќ е српска телевизиска серија снимена во 2014 година во продукција на Кошутњак филм според романот Беше една ноќ на Јадранот од Милица Јаковљевиќ, во режија на Иван Стефановиќ.

Премиерата на серијата била во 2015 годинана Првата српска телевизија, .

Синопсис Двете сестри Кринка и Лола од Белград се две сосема различни личности. Живеат со своите родители, но тие чуваат голема тајна за Кринка. Кога мајката ќе одлучи на Кринка да и ја открие тајната на нејзиното потекло, избива конфликт и таткото одлучува да не оди на море со нив. Така трите дами одат сами на одмор. Во Венеција, девојките го запознаваат мистериозниот Далматинец Дубравко, кој и на двете им се допаѓа само што Кринка го потиснува тоа, а Лола отворено зборува за тоа. Кога девојките одат во Раб, го запознаваат Жарко, фин и љубезен човек од Банат, кој има мало девојче, Милица. Го запознаваат и Влатко, студент од Загреб, на него веднаш му се допаѓа Лола, но таа не е заинтересирана. Заплетот започнува кога Дубравко пристигнува на Раб, а потоа Кринка конечно попушта и признава дека ѝ се допаѓа Дубравко. Кога ќе сфати дека и таа му се допаѓа, двајцата започнуваат романса, но има еден проблем, таткото на Дубравко го има истиот медалјон како Кринка. Тоа тогаш би значело дека Дубравко и Кринка се браќа и сестри по татко. Но, кога девојчињата се враќаат во Белград, ги чека тажна вест дека нивниот татко починал. Но за Лола се појавува нова причина за радост, Жарко и испратил писмо во кое ја запросува. Наскоро се мажи и се преселува во Банат. А во животот на Кринка се појавува нејзината биолошка мајка Марија. Што и ја кажува веста дека Дубравко и таа можеби се брат и сестра. Кринка тоа многу тешко го поднесува и станува сè подепресивна. Кога Марија еден ден и го носи Дубравко, Кринка доживува нервен слом. Дубравко контактира со својот татко и го моли да ја открие и разреши мистеријата. Но, Кринка не ја поднесува неизвесноста и си заминува. А кога вистината конечно ќе се дознае, Кринка не е таму да ја слушне.

Улоги +ГлумецУлогаВаја ДујовиќКринка БранковиќБојан ПериќДубравко МаројевиќМилена РадуловиќЛола БранковиќИвана ДудиќСпоменкаЗоран ЦвијановиќМилан БранковиќТијана ЧуровиќМарија ЈаковљевиќМина ЛазаревиќАнѓа БранковиќИгор ЃорѓевиќЖарко ГавриловиќИван ЗаблаѓанскиВлаткоВладан ДујовиќНастојникМилена Васиќсопруга на НастојникЈелисавета Караџиќќерка на НастојникДушан Матејиќсин на НастојникМарија АндриќКумаЉубомир БулајиќПетарНаѓа Стјепановиќдевојчето МилицаИгор РадовиќКапетан на БродотСоња ЖивановиќУнгаркаИсидора ЈанковиќЕржебет „Ержи“Моника РомиќГоспоѓа ЗупанчиќНемања СтаматовиќДалметинецИвана Кнежевиќмајка на СпоменкаОгњен МиликиќЈанкоСветлана БојковиќБолничаркаМина ОбрадовиќМарија во младостаНемања СтаматовиќИво во младостаФрањо ЛасиќИво Маројевиќ

Меѓународни преноси Земја ТВ канал Премиера на серијата Крај на серијата Србија Прва српска телевизија 25 март 2015 година 17 јуни 2015 година БиХ РС БН 25 март 2015 година 14 јуни 2015 година Хрватска ХРТ 1 - - Македонија Сител телевизија 20 август 2016 година 1 октомври 2016 година

Наводи

Категорија:Српски телевизиски серии