Dolerus aericeps е вид на растителна оса од родот Dolerus.
Опис Главата е црна со метален сјај, антените на врвот малку потенки и покуси од абдоменот, на градите пронотумот, мезонотумот и тегулите се црни, скутелумот црн, крилата стаклесто провидни. Нозете црни, колената и предните делови на предните тибии провидни. Абдоменот жоленикавоцрвен. Мажјакот на абдоменот првиот и често вториот до четвртиот сегмент црни. Гениталната плочка на врвот малку обрабена.
Ларвите достигнуваат должина од 18-21 мм. Нивната глава е темнокафеава, со полукружна бела дамка на челната плочка, со демнокафеава темена бразда. На челото има кафеава дамка во форма на срп. Се среќаваат во текот на летните месеци на растенија од родот на Equisetum.
Возрасните единки достигнуваат должина од 7-8 мм.
Живеалиште Географската распространетост на овој вид оса е цела Европа и Транскавказ. Во Македонија видот се среќава во село Бојане, село Рогле, Скопско и село Негорци, Гевгелија.Јонче Чинговски: Фауна на Македонија VI, Скопје, 1985, стр. 80-81
Наводи
Категорија:Растителни оси Категорија:Инсекти на Македонија