Женскиот кошаркарски клуб Црвена ѕвезда (срп. Кошаркашки клуб женски Црвена звезда; познат и како Црвена ѕвезда Меридианбет од спонзорски причини) е женски професионален кошаркарски клуб со седиште во Белград, Србија, и претставува еден од најважните делови на спортското друштво Црвена ѕвезда.

Екипите на Црвена ѕвезда имаат освоено рекордни 35 државни првенства, меѓу кои се издвојуваат серии од 15 последователни и 6 последователни титули. Од 1945 година клубот настапувал во три различни национални лиги: Југословенската женска кошаркарска лига (1945–1992), Прва женска кошаркарска лига на Србија и Црна Гора (1992–2006) и Прва женска кошаркарска лига на Србија (2006–денес). Покрај тоа, клубот има освоено и рекордни 16 трофеи од националниот куп, како и една титула првак на Евролигата за жени.

Заедно со атлетските, карате, фудбалските и ватерполо клубовите, женскиот кошаркарски клуб Црвена ѕвезда е единствениот од „црвено-белото семејство“ кој станал екипен клупски шампион на Европа. Во поново време, клубот се натпреварува во Првата женска лига на Србија, како и во Еврокупот за жени.

Историја Доминација во првите децении (1945–1960) Во првите петнаесет повоени години црвено-белите дами доминирале на националните првенства. Уште тогаш биле поставени темелите на најуспешниот женски кошаркарски клуб во поранешна Југославија. На победничката гала вечера по повод десеттата јубилејна титула, кошаркарките на Црвена Ѕвезда си подале рака и се заколнале дека следна цел им е петнаесеттата ѕвезда. Тоа го постигнале во првенството во 1960 година. Следувал уште еден блесок во 1963 година, а потоа дошла десетгодишна суша.

Период на криза и нова генерација (1964–1979)= Тогаш на кошаркарската сцена на Југославија се појавиле Снежана Зориќ, легендата на ЖКК Црвена Ѕвезда. Таа била предводник на една од најблескавите генерации на Ѕвезда, но прерано се повлекла од активното играње, бидејќи не го освоиле трофејот во Купот на европските шампиони како круна на нејзината блескава играчка кариера. Кошаркарките во 1979 г. станале првиот тим од црвено-белата фамилија кои станале европски шампиони.

Усони и падови (1980–2000) Повторно, по големиот успех, следел период без значајни резултати, до 1989 година. Бајката траела до 1996 година и проследена со малку несреќен трофеен пост. Трофеите главно им се лизгале од раце во драматични финални судири, така што следниот трофеј - деветтиот Куп - пристигнал во витрините на клубот во сезоната 2002/03. Следната сезона ја освоиле двојната круна, 28-та титула и 10-та. на Државниот куп.

Нов период на успеси (2000–денес) Благодарение на раководството на машката кошаркарска секција во 2015 година бил избран исклучително талентиран тим од девојки. Само неколку искусни кошаркари во сезоната 2016/17 се додадени на девојките со просечна возраст од 18 години. ја освоиле првата, а следната втората, а 30-та национална титула во историјата на клубот. Колку доминирале во сезоната 2017/18. За тоа говорат податоците за само еден загубен натпревар во регуларниот дел и еден во плеј-офот, со просечна кош-разлика од околу 27 поени по натпревар.

Спонзорски имиња Црвена звезда Белим: 1993–1994 Црвена звезда Комбанк: 2019–2021 Црвена звезда мтс: 2021–2023 Црвена звезда Меридианбет: 2024–денес

Успеси десно|мини|300x300пкс| Победници на купови 2017 година

национално

Државно првенство Шампион (32): 1946, 1947, 1948, 1949, 1950, 1951, 1952, 1953, 1954, 1955, 1956, 1957, 1958, 1959, 1967,1961, 1959, 1989, 1992, 1993, 1996, 2004, 2017, 2018, 2019, 2021, 2022, 2023, 2025 година. Други (19): 1961, 1962, 1964, 1965, 1968, 1969, 1970, 1971, 1975, 1987, 1991, 1994, 1995, 2001, 2003, 2007, 2008, 2014, 2016, 2024 година. Националниот куп Освојувач (13): 1973, 1974, 1976, 1979, 1981, 1992, 1994, 1995, 2003, 2004, 2016, 2017, 2019, 2022, 2023, 2025 година. Финалисти (12): 1975, 1977, 1980, 1984, 1989, 1990, 1991, 1993, 2001, 2008, 2009, 2018 година. Националниот Супер Куп Финалисти (2): 1989, 1993 година.

Меѓународни

Куп на европски шампиони Шампион (1): 1979 година Финалист (1): 1981 година. Трето место (1): 1990 г. Полуфиналисти (5): 1959, 1960, 1964, 1978, 1980 година. Купот на Лилијана Рончети Полуфиналисти (2): 1973, 1975 година. Регионална кошаркарска лига Финалисти (1): 2014 година Полуфиналисти (2): 2018, 2019 година.

Истакнати поранешни играчи Соња Младеновиќ Мира Петровиќ Љубица Оташевиќ Бранка Прелевиќ Александра Дакиќ–Гец Гордана Барага–Бјегојевиќ Цмиљка Калушевиќ Снежана Зориќ Вукица Митиќ Зорица Ѓурковиќ Јасмина Милосављевиќ Софија Пекиќ Наталија Бацановиќ Загорка Почековиќ Бојана Милошевиќ Анѓелија Арбутина Елеонора Вилд Гордана Богојевиќ Лара Мандиќ Нина Бједов Катарина Лазиќ Милка Бјелица Ана Јоковиќ Катарина Маниќ Милица Дабовиќ Иванка Матиќ Стојанка Остоиќ Соња Васиќ Александра Црвендакиќ Александра Станачев Наташа Ковачевиќ Мина Ѓорѓевиќ Александра Катанич Снежана Богичевиќ Ивана Катанич Маша Јанковиќ

Истакнати поранешни тренери

Небојша Поповиќ (1946–1952) Милорад Соколовиќ (1952–1957) Страхиња Алагиќ (1957–1960) Драган Гоџиќ (1961) Димитрије Крстиќ (1962–1964) Милан Васојевиќ (1965–1967) Сретен Драгојловиќ (1967–1971) Драгољуб Пљакиќ (1971–1974) Страхиња Алагиќ (1974–1981) Зоран Ковачиќ (1981–1988) Владислав Лучиќ (1988–1990) Зоран Ковачиќ (1990–1994) Драгоимир Буковиќ (1994–1995) Зоран Тир (1995–1996) Стеван Караџиќ (1996–1998) Срѓан Антиќ (1998–2000) Милан Нисиќ (2000) Владислав Лучиќ (2000–2004) Јовица Антониќ (2004) Драгоимир Буковиќ (2005–2006) Зоран Вишиќ (2006–2007) Драгоимир Буковиќ (2007–2008) Мирослав Кањевац (2009–2011) Јован Горец (2011–2012) Зоран Ковачиќ (2012–2013) Драган Вуковиќ (2013–2024) Немања Планоевиќ (2024–денес)

Поврзано

КК Црвена Ѕвезда

Наводи

Надворешни врски

Официјален сајт на ЗКК Црвена Ѕвезда Вести од сајтот на СД Црвена Ѕвезда ТРИЕСЕТ ЅВЕЗДИ - ЅВЕЗДА ИНСТИТУЦИЈА! Клуб страницата на eurobasket.com Резултати од клубот во srbijasport.net

Категорија:Црвена Ѕвезда