Русa трева (лат: Chelidonium majus) (росопас, жолта трева, лишавица, змиско млеко, змиско грозје, божји дар, Маријанина трева) — повеќегодишно цветно растение од фамилија Papaveraceae. Во различни краишта билката различно се нарекува.
Име
Латинското име е chaledonium majus. На македонското јазично подрачје познато е како росопас, жолта трева, лишево билие (Горни Порој, Демир Хисар), камбула (Сенгелево)Билтен на одборот за изработување на македонската терминологија, МАНУ, Скопје, 1974, стр. 8
Опис на растението Повеќегодишно тревно растение со исправено стебло обраснато со остри испакнати влакна. Коренот е добро развиен, фиброзен. Стеблото е исправено, разгрането, покриено со влакненца, високо околу половина метар. Листовите се големи, чудно непарно поделени, сиви и влакнести на задната страна. Долните листови се со дршка, а горните се (седечки). Цветовите се жолти, собрани на врвовите на стебленцата во ретки штитови соцветие. Цветниот период е од април до август, листовите од королата и чашката лесно паѓаат, а има и голем број прашници. Круната има 4 листови. Плодот е издолжен како мешунка со многу семиња. Сите делови на растението содржат отровен сок од жолто-портокалова боја.
Област на распространетост и живеалиште Chelidonium majus е автохтон во повеќето региони на Европа. Исто така, се среќава во Северна Африка во Макаронезија, Алжир и Мароко. Во Западна Азија се среќава на Кавказ, Ерменија, Азербејџан, Грузија, Казахстан, Монголија, Сибир, Иран и Турција. Неговите живеалишта вклучуваат карпести падини, шуми, пустини и крајпатни предели.
Во Македонија е многу често растение по ѓубришта, влажни места, покрај куќи, по засенчени места, паркови, покрај влажни патеки, јазови и слично. Се среќава речиси насекаде до 1500 метри надморска височина.
Лековит и хемиски состав Жолтиот сок од руса трева содржи голем број на различни алкалоиди, од кои некои се поврзани со опиумот. Коренот е најбогат со алкалоиди (до 3%), додека помалку се наоѓа во стеблото - до 1%. Поради присуството на голема количина на алкалоиди, многу фитотерапевти сметаат дека ова растение е отровно и погодно само за надворешна употреба. Токсичноста главно произлегува од алкалоидот хелелитрин. Покрај алкалоидите, содржи и сапонини, органски киселини (хелидонска, лимонска, јаболкова итн), флавоноиди, протеолитички ензими (разградуваат белковини) итн.
Употреба Руса трева се користи за лекување на стомачни болки, заболувања на црниот дроб (хепатитис), за усогласување на работата на дигестивниот систем, а делува и на бактериите, особено на грам-позитивните. Има податоци и за цитостатичното дејство на ова растение, па неговиот жолт сок традиционално се користи за отстранување на брадавици, плускавци, лишаи, егзема и други промени на кожата. Се користи и во народната медицина за третман на тумори и промени во женските генитални органи (тумори, фиброиди, рани, воспаленија и сл) како чај и средство за плакнење.
Треба да бидете многу внимателни кога користите руса трева. За внатрешна употреба се користи само сушеното растение, со паузи: се користи три недели, а една се паузира. Дневната доза на добро исушено растение е 2-4, а во овие терапевтски дози не постои можност за труење. Може да се појави повраќање, дијареа и абдоминална болка. Дермалната апликација може да предизвика алергиски реакции.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Лековити растенија Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј