Сливенски мост () — стар камен мост северно од селото Сливени, Костурско, Егејска Македонија.

Мостот е добар пример за техничката конструкција на мостовите од XIX век и важен модел за архитектонските решенија во мостоградбата во отоманско време. Според гравираниот натпис од југозападната страна на мостот, на исток од клучниот камен, изграден е во 1865 година. Подигнат е од француски градители во служба на отоманската држава. За изградбата е искористен материјал од постар мост што се наоѓал на истото место.

Ова е еднолачен мост со должина од 26 м, ширина од 2,8 м и висина од 7 м. Лакот е широк 16 м. Клиновидните камења кои го образуваат лакот се црни плочи од шкрилец, и само клучниот и гравираниот камен се одвојуваат со својата белина бидејќи се од варовник.

Во 2006 г. мостот е прогласен за споменик на културата.

Наводи

Надворешни врски Сливенскиот мост на порталот „Камени мостови на Грција“

Категорија:Мостови во Егејска Македонија Категорија:Споменици на културата во Костур (општина) Категорија:Појавено во 1865 година