Свети Никола () — преродбеничка црква во селото Госно, Костурско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија.

Црквата е базилика, изградена во 1834 г. Украсена е со живопис во апсидата на олтарот и апсидата на жртвеникот. Фреските во храмот се интересни примери за месната духовна уметност од почетокот на XIX век. Внатре се чуваат вредни поствизантиски икони.

Во 1991 г. храмот е прогласен за споменик на културата.

Поврзано Костурска епархија

Наводи

Никола, Госно Никола, Госно Категорија:Споменици на културата во Рупишта (општина) Категорија:Појавено во 1834 година