Рождество на Пресвета Богородица () — црква во напуштеното село Костараџа, Костурско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија.

Историја Храмот е базилика подигната за време на македонската преродба. Подот бил покриен со плочи, а амвонот, владичкиот престол и иконостасот биле резбани. Живописана била само конхата на апсидата. Во северозападниот дел на наосот има величествена камбанарија.

На Велики четврток, 13 април 1944 г., единиците на Војската СС и Вермахтот го запалиле храмот, а притоа изгорел и покривот.

Веднаш по војната ѕидовите на црквата се зацврстени. Во 1979 г. храмот е делумно обновен од жителите на Нова Костараџа, основана од костараџани по Граѓанската војна. Обновен е и дел од покривот, и со тоа е направена црква во старата црква. На крајот од 1990-те одлучено е храмот прописно да се востанови — направенна е покривна конструкција, извршено е внатрешно малтерисување и живописување и изградена е нова галерија. Ремонтот завршил во 1999 г.

Во црквата се чува османлиско знаме запленето од костараџани кои учествувале во Битката кај Аламана на 23 април 1821 г.

Поврзано Костурска епархија

Наводи

Богородица, Костараџа Богородица, Костараџа