Жарко Пешевски (роден на 11 април 1991 г.) — македонски ракометар кој игра за Еурофарм Пелистер и за македонската репрезентација.EHF profile2019 World Men's Handball Championship roster

Клупска кариера Пешевски започнал да тренира ракомет на 13-годишна возраст во Металург Скопје и во клубот ги поминал сите возрасни категории.Пешевски останува во Металург уште две години (ФОТО) mkd.mk; 15 јули 2015 Во првиот тим на Металург, Пешевски за прв пат дебитирал во 2014 годинаПешевски се збогува со Металург, започнува интернационална кариера gol.mk; 30 мај 2018, и истата година со клубот ја освоил титулата во македонската супер лига.

На крајот на сезоната 2017–18, Пешевски започнал интернационална кариера, потпишувајќи договор со украинскиот првак Мотор Запорожје. Тој со клубот го освоил украинскиот супер куп и украинското првенство во сезоната 2018–19, а потоа на крајот на сезоната се преселил во германската Бундеслига, потпишувајќи двегодишен договор со екипата на Штутгарт.

Во сезоната 2020–21, тој бил петти најдобар стрелец за Штутгарт во Бундеслигата, постигнувајќи 90 гола, со процент на реализација од 73%.Season statistics 2020/21 Handball-Bundesliga

Успеси Македонска супер лига Победник: 2013–14 Украинска супер лига Победник: 2018–19 Супер куп на Украина Победник: 2018

Наводи

Надворешни врски Жарко Пешевски на Европската ракометна федерација Жарко Пешевски на Мрежното место на Бундеслигата

Категорија:Родени во 1991 година Категорија:Ракометари од Скопје