Лиеж-Бастоњ-Лиеж 2022 — 108. издание на велосипедската еднодневна трка Лиеж-Бастоњ-Лиеж, која се одржала на 24 април 2020 година како 17. настан во сезоната на Светската турнеја.

Трката била освоена од Ремко Евенепул.

Екипи

Бидејќи Лиеж-Бастоњ-Лиеж е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката. Седум професионални континентални екипи биле дополнително поканети, со што била заокружена главната група од 25 екипи.

Поредок Завршен пласман

Преглед

Победникот од 2021 година, Тадеј Погачар се повлекол од трката еден ден пред трката поради семејни работи, со што коментаторите и возачите изјавиле дека трката сега ќе биде поотворена. Рутата од 257,2 километри од Лиеж до Лиеж била слична на претходните изданија, со клучна разлика на исклучување на Кот де Форж по тешките поплави во јули 2021 година.

Светскиот првак Жилијан Алафилип и пет други возачи биле повредени во голем пад на околу 60 километри до целта. На 30 километри до целта, Ремко Евенепул од нападнал на Кот де Ла Редут и сам возел во последните 14 километри за победа во Лиеж, освојувајќи ја трката за 48 секунди. Местата на подиум биле одлучени во спринтерска завршница, каде Квинтен Херманс го поразил Ваут ван Ерт за второто место.

Список на учесници

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Лиеж-Бастоњ-Лиеж Категорија:Светска турнеја на UCI 2022 Категорија:Белгија во 2022 година