thumb|right|200px|Зградите на Владата на Република Македонија во Скопје (пред нивната обнова) thumb|right|200px|Зградата на Собранието на Република Македонија во Скопје Република Македонија е република со мешовит тип на организација на власта. Единствено отстапување од мешовитиот тип на организација на власта и, општо, од принципот на поделба на власта е уставното решение Собранието на Република Македонија да може да биде распуштено само преку одлука на своите пратеници. Ова уставно решение е карактеристично за политичките системи со собраниски тип на организација на власта. Македонија е парламентарна демократија. Власта е поделена на законодавна, извршна и судска. Уставот е највисокиот закон во државата.

Политичките институции на Република Македонија се конституираат според волјата на граѓаните преку тајно гласање на општи, слободни избори. Политичкиот систем на парламентарна демократија е воспоставен со Уставот на Република Македонија од 1991 година, којшто ги поставува основните принципи на демократијата и ги гарантира основните слободи и права на граѓанинот.

Претседатели

Од осамостојувањето на Република Македонија досега шест личности биле претседатели. Тоа се:

Киро Глигоров Борис Трајковски Бранко Црвенковски Ѓорге Иванов Стево Пендаровски Гордана Сиљановска-Давкова

Влада

Премиери

Од осамостојувањето на Република Македонија досега дванаесет личности формирале влади. Тоа се:

Никола Кљусев Бранко Црвенковски Љубчо Георгиевски Хари Костов Владо Бучковски Никола Груевски Емил Димитриев Зоран Заев Оливер Спасовски Димитар Ковачевски Талат Џафери Христијан Мицкоски

Политички партии

Организации

Сојуз на синдикатите на Македонија Конфедерација на слободни синдикати AEGEE

Поврзано

Политика Историја на Република Македонија Влада на Македонија Македонски политичари