Пулски филмски фестивал (официјално име: „Фестивал на хрватски и европски филм“; старо име: „Фестивал на југословенски филм“) — најстар хрватски филмски фестивал, кој од 1954 се одржува секоја година во Пула, во римскиот амфитеатар познат како Пулска арена. За време на постоењето на СФРЈ, тој бил најважниот годишен фестивал на југословенската филмска индустрија.

Историја мини|десно|300|Пулската арена, каде што се одржува фестивалот Фестивалот бил основан во 1954 под името „Филмски фестивал“. Во 1958 година го променил името во „Фестивал на југословенскиот филм“, а во 1961 во „Фестивал на југословенскиот филм во Пула“. Набргу по неговото основање, станал најважниот национален филмски фестивал во СФР Југославија.

Фестивалот добил значајно меѓународно признание заедно со југословенската филмска индустрија, која продолжила да цвета од 1960-тите па наваму. Наскоро низ Југославија биле основани многу филмски продукциски компании, а индустријата секоја година ваделае околу 20 нови играни филмови за национална дистрибуција.

Филмовите се натпреварувале за бројни награди на фестивалот, бидејќи категориите на награди и концептот на фестивалот биле моделирани според Оскарите. И покрај ова, фестивалот честопати служел како почетна точка за нови филмови пред да бидат објавени во кината низ целата земја, и затоа за разлика од Оскарите, фестивалот обично го означувал почетокот на новата филмска сезона, а не нејзиниот крај.

Во 1991 година Фестивалот бил откажан поради избувнувањето на Војната во Хрватска и поврзаниот Распад на Југославија. Фестивалот бил повторно отворен во 1992 година кога бил преименуван во „Пулски филмски фестивал“. Фестивалот од 1992 година бил првиот што беше целосно посветен на хрватските филмови, бидејќи обединетата југословенска филмска индустрија исчезнала заедно со СФРЈ.

Во 1995 година бил преименуван во „Хрватски филмски фестивал“, за да се нагласи неговиот исклучиво хрватски карактер. Меѓутоа, бидејќи хрватската филмска индустрија се покажала како недоволно продуктивна, со само неколку нови наслови што излегувале секоја година, популарноста на фестивалот брзо се намалила. За да се поправи ова, фестивалот бил отворен за странски филмови во 2001 и преименуван во „Хрватски и европски филмски фестивал“. Оттогаш, покрај прикажувањето на хрватски филмови, фестивалот редовно нудел меѓународна програма, како и многу единствени тематски програми и ретроспективи.

Награди

Национална натпреварувачка програма: Златна арена за најдобар филм Златна арена за режија Златна арена за сценарио Златна арена за најдобра глумица Златна арена за најдобар глумец Златна арена за најдобра споредна глумица Златна арена за најдобар спореден глумец Златна арена за камера Златна арена за монтажа Златна арена за музика Златна арена за сценографија Златна арена за костимографија

Жирито може да додели и три други специјални Златни арени: за шминка, за звук и за специјални ефекти во филмот.

Меѓународна натпреварувачка програма: Златна арена за најдобар филм Златна арена за режија Златна арена за најдобра главна улога

Други категории: Награда Бреза за најдобар дебитант од една од горенаведените категории Златна врата на Пула - Награда од публиката за најдобар филм според гласовите на публиката во Арената Награда Октавијан - Хрватско здружение на филмски критичари за најдобар филм Награда Фабијан Шоваговиќ - Хрватско здружение на филмски критичари за посебен актерски придонес во хрватското кино Награда Маријан Ротар - се доделува на поединци и институции кои подеднакво ја поврзале Пула и филмот со своите идеи и дела Награда Владимир Назор - се доделува од Министерството за култура на Република Хрватска за животно дело во областа на филмската уметност.

Познати гости Меѓу луѓето кои го посетиле фестивалот за време на неговиот југословенски период се: Орсон Велс, Софија Лорен, Ричард Бартон, Елизабет Тејлор, Јул Бринер и многу други. Југословенскиот претседател Јосип Броз Тито исто така бил чест гостин на фестивалот.

Меѓу гостите на фестивалот од 1992 биле актери како Џон Малкович, Ралф Фајнс, Бен Кингсли и други.

Наводи

Надворешни врски Официјална веб-страница на Филмскиот фестивал во Пула Новостар шеф на големиот филмски фестивал („Политика“, 13 јули 2017) Фестивал на југословенски играни филмови во Пула Филмови и арена

* Категорија:Пула Категорија:Кинематографија во Хрватска Категорија:Кинематографија во Југославија Категорија:Фестивали основани во 1954 година Категорија:Филмски фестивали во Хрватска